СДСМ: Криминалните политики ги блокираат сметките на фирмите во Македонија

-

„Според последните податоци на Народна банка, секоја година се зголемува бројот на блокирани сметки на граѓани и на фирми. Во 2015 година, бројот на блокирани сметки кај граѓаните се зголемил за 34.106, а кај фирмите за 3.154. Од страна на УЈП за радиодифузна такса беа блокирани 27.000 сметки во 2015 година“, се вели во соопштението на СДСМ.

Оттаму се вели дека граѓаните и фирмите сè потешко можат да работат, немаат пари да ги платат основните трошоци.

– Тоа се поразителните резултати од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од 180.000 граѓани во Македонија живеат со 40 денари на ден. Повеќе од 500.000 граѓани во Македонија живеат под прагот на сиромаштијата. Но, разобличен е криминалот на „фамилија“. Заврши времето на Никола Груевски! Граѓаните се обединети против корупцијата и криминалот – се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата најавуваат дека ако дојдат на власт, ќе ја укинат радиодифузната такса.

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...