fbpx

Пакистанци и Сириец нападнати во Келн

-

Група Пакистанци и Сириец се нападнати во Келн, каде и понатаму се големи тензиите поради насилствата на новогодишната ноќ за кои се обвинети имигрантите, соопшти денеска полицијата.

Околу 20 лица вчера нападнаа шест Пакистанци, од кои двајца биле хоспитализирани, но набргу пуштени.
Еден Сириец синоќа е повреден во напад што го извршиле пет лица.

Полицијата и понатаму истражува дали нападот бил расно мотивиран и дали се поврзани со нападите во пресрет на Новата година, кои предизвикаа големо незадоволство и ја доведоа во прашање германската политика на отворени врати во решавањето на бегалската криза.

Полицијата во Келн вчера соопшти дека поради насилствата на новогодишната ноќ се поднесени 516 пријави, а од таа бројка околу 40 отсто се однесуваат на сексуални напади.

За новогодишната ноќ имигрантите напаѓале жени, ги ограбувале, а имало и пријави за силување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...