fbpx

Штајнмајер и Ејро бараат реформи во Украина

-

Германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмајер, и неговиот француски колега, Жан-Марк Ејро, напишале заеднички текст кој го објави „Франфуртер алгемајне цајтунг“, а во кој повикуваат на спроведување реформи во Украина.

Штајнмајер и Ејро почнуваат дводневна посета на Киев.

Во текстот е истакнато дека е важно највисоките украински функционери „да останат посветени на духот на Мајдан и да продолжат со потребните реформи“.

Шефовите на дипломатија посебно предупредија на важноста од примена на мировниот договор, потпишан минатата година во Минск.

Во изминатите две години во непријателствата на истокот на Украина загинаа повеќе од 9.000 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...