fbpx

Меркел: Да се обединат Германците во предизвикот со бегалците

-

Германците да го вратат духот присутен за време на обединувањето на земјата во 1990 година, ги повика денеска германската канцеларка Ангела Меркел, за полесно да се изборат со предизвикот за интегрирање на стотина илјади бегалци и мигранти.

– Германското единство беше многу посебно – рече Меркел во своето неделно обраќање до јавноста, а во пресрет на 25-годишнината на обединувањето на Германија на 3 октомври.

Германија е најпожелна дестинација за стотици илјади бегалци кои бегаат од војна и од сиромаштија на Блискиот Исток и во Африка и пристигнуваат во Европа.

Се очекува во Германија само оваа година да пристигнат дури милион луѓе, што е голем пораст во однос на бројот од 200.000 бегалци и мигранти, колку што пристигнаа во изминатата година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...