fbpx

Хан: Возможно е по две години да се укинат визите за граѓаните на Турција

-

ЕУ наскоро може да го укине визниот режим со Туриција, даде надеж европскиот комесар за проширување и за односи со соседите, Јоханес Хан.

– Од моја гледа точка е целосно возможно по две години да се укинат визите за граѓаните на Турција, кои ќе патуваат во земјите опфатени со Шенгенскиот договор, бидејќи ќе бидат исполнети потребните услови – рече Хан во интервју за германскиот весник „Велт“.

Тој нагласи дека во тие услови спаѓаат интегрираното управување на границите и издавањето биометриски пасоши, но и соработката со ЕУ при откривањето на фалсификувани патни исправи.

Хан, сепак, упати критика за внатрешнополитичките случувања во Турција.

– За жал, во моментов Турција не се движи во европска насока. Таму недостига упорна борба против корупцијата – нагласи Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...