fbpx

Град Скопје: Денешниот протест е невкусна политичка игра

-

Денешниот протест пред Град Скопје, насловен „Коце, врати ни ги улиците“, го оценуваме како невкусна политичка игра спроведена од организаторите, реагираат од Град Скопје.

„Навистина не ја разбираме потребата од грубо лажење на јавноста дека за овие сообраќајни несреќи е одговорен Град Скопје или градоначалникот. Неколкуте сообраќајни несреќи што организаторите на оваа група ги посочуваат како причина за денешниот протест, се случија поради невнимание на лицата што управуваа со моторните возила, а не поради недостатоци со сообраќајната инфраструктура или со недостатокот на хоризонтална и вертикална сигнализација (обележан пешачки премин, обележани сообраќајни летни, сообраќајни значи, поставени семафори…). Во последните две сообраќајни незгоди, во кои животот го загубија велосипедистите, истите се случија на обележани пешачки премин за велосипедисти со црвена боја. Ова е и случај со најголемиот број вакви трагични настани, што е и констатирано со анализите на Министерството за внатрешни работи, каде како најчеста причина за случување на сообраќајни незгоди со потешки последици на подрачјето на градот Скопје е човечкиот фактор, односно брзото возење, непочитувањето на правилата за првенство на минување, управувањето на возила под дејство на алкохол, како и управување возила без поседување возачка дозвола“, реагираат од Град Скопје.

Оттаму велат дека токму поради овие факти, не ја разбираат потребата на организаторите на овие протести да ги посочуваат Градот Скопје и градоначалникот како главни виновници за ваквите сообраќајни несреќи.

„Апелираме ваквите трагичните настани да не се злоупотребуваат за нечија самопромоција и за дневни политички игри“, се вели во реакцијата на Град Скопје.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...