fbpx

Германија се сомнева дека Русија ги бомбардира целите на ИД во Сирија

-

Германските власти соопштија дека се сомневаат во тврдењата на Русија дека во воздушните напади во Сирија ги бомбардира позициите на Исламска држава.

Русија во средата почна воздушни напади во Сирија против, како што тврди, Исламска држава во таа земја, додека Западот ја обвинува Москва дека поголемиот дел од нападите се наменети за противниците на режиот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Со оглед на тоа дека и западните земји спровдуваат воздушна кампања во Сирија, протпаролот на германското министерство за надворешни работи, Мартин Шефер, изјави дека клучно е воените лица на сите земји што учествуваат во воздушните напади да имаат добра комуникација за да се спречат недоразбирања што би можеле да доведат до ескалација на конфликтот.

Шефер нагласи дека Берлин не гледа никакво воено решение за сирискиот конфликт.

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, неодамна се сретна со своите колеги од Турција, Саудиска Арабија и од Иран во намерата да пронајдат политичко решение на кризата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...