fbpx

САД: Нападот е изведен на барање на Авганистан

-

Американските воздушни напади во кои загинаа 22 лица во болница во градот Кундуз изминатиот викенд, е изведен на барање на авганистанските сили. Ова го изјави командантот на американските коалициони сили во Авганистан, генерал Џон Кемпбел.

Кемпбел рекол дека Пентагон го коригира првичното американско соопштение во кое пишуваше дека бомбардирањето е изведено поради одбрана на американските војници на кои им бил отворен оган.

Во инцидентот што се случи во саботата, авганистанските сили ги советувале американските специјалци на терен да побараат поддршка од американските авиони и потоа се случил воздушниот напад. Генералот рекол дека во нападот неколку цивили биле „случајно погодени“.

Генералнот не сакаше да даде повеќе детали за американското бомбардирање на болницата, наведувајќи дека истрагата е во тек.

„Лекари без граници“, чии членови загинаа во нападот, денеска соопштија дека се згрозени од изјавите на претставниците на авганистанската влада, кои го оправдуваат бомбардирањето, нарекувајќи ги изјавите признавање на воен злочин. Тие директно ги обвинија САД за жртвите, иако авганистанските власти наведоа дека хеликоптерот го возвратил огнот што на нив го отвориле талибанските борци кои се скриле во болницата.

Авганистанскиот министер за одбрана во саботата изjави дека „вооружени терористи ја користеле болницата како позиција од која ги гаѓале авганистанската војска и цивили“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...