fbpx
Таг: ВМРО-ДПМНЕ

таг: ВМРО-ДПМНЕ

„Твитер“ му порача на ВМРО-ДПМНЕ: Реално треба во затвор да одат и парите да ги вратат

Изборниот слоган на ВМРО-ДПМНЕ „Реално! Работа, сигурност, напредок!“ за претстојните парламентарни избори, закажани за 11 декември, на социјалните мрежи предизвика голем број коментари. Корисниците на „Твитер“ искажуваат недоверба во волјата на владејачката партија за реализација на проектите од програмата. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за 2017-2020 година која владејачката партија планира да ја реализира доколку победи на изборите, на 516 страници содржи стотици...

Кирацовски: Вработените во администрацијата обезбедуваат кворум за митингот во Охрид

Голем број државни институции и општини се ставија во функција на обезбедување кворум за потребите на партискиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ што ќе се одржи денеска во Охрид, се вели во соопштението од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и за администрација, Александар Кирацовски. - Вработените, наместо на работните места каде што треба да ги извршуваат своите работни задачи во служба...

Ќе пукаат ли „бомби“ во кампањата: СДСМ крие, во ВМРО-ДПМНЕ се индиферентни

СДСМ не кажува дали во изборната кампања ќе ги користи материјалите од незаконското прислушување, односно т.н. „бомби“, но од партијата категорично тврдат дека не постои никаква забрана за нивна употреба. Дилемата, пак, дали може и смее да се користат прислушуваните материјали постои кај речиси сите соговорници со кои разговараше „Мета“ на темата дали медиумите и политичките партии можат да ги...

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева подобро да се кандидираше за носител на листа на СДСМ

Денешната прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство, на која беше презентиран случајот „Таргет“, за владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ е уште еден доказ дека Катица Јанева е продолжена рака на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и дека ја спроведува неговата намера „да ја редефинира и федерализира Република Македонија како бинационална држава и да ја обвини Македонија дека е виновна и за спорот...

Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ: Малку изненадувања на листите и во реториката

Малку изненадувања имаше на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“ на која беа претставени кандидатските листи за предвремените избори и која се одржа во „Метрополис арената“ во Скопје. На листите не се најдоа досегашните министри Диме Спасов, Владимир Пешевски, Ристо Спировски, ниту, пак, поранешните министри Зоран Ставрески, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Игор Ивановски. На листа не...

Манчевски и Богоевски порачаа: Граѓаните на 11 декември ќе го казнат Груевски

Никола Груевски пишува фејсбук-статуси за наводни нови работни места затоа што не може да ги погледне в очи граѓаните што 10 години ги лаже, изјави денеска потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски. - Во тие 10 години, власта на Груевски затвори најмалку 10.000 домашни фирми. Колку не мислеше Груевски на домашните фирми покажува тоа што домашните претпријатија добиваа мизерни 2 евра...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев сфати дека крајот му е поблиску отколку што мислеше

Голем е стравот кај Заев откако сфати дека по 11 декември не само што СДСМ ќе биде жестоко поразен на избори, туку и тој ќе мора да сноси и директна лична одговорност за сè што ѝ направи на Република Македонија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на писмената изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за носителите на изборните листи...

Заев: Листите на ВМРО-ДПМНЕ се огледало на криминалот

Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од обвинетиот поранешен премиер, се огледало на криминалот, корупцијата, насилството, несовесноста, беззаконието, на што се изложени граѓаните на Македонија изминативе 10 години, стои во писмената изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во врска со носителите на листи што ги достави ВМРО-ДПМНЕ до ДИК. „Овие луѓе кои украдоа повеќе од пет милијарди евра пари на граѓаните...

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промовира кандидатите и изборните листи во „Метрополис арена“

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која ја предводи Коалицијата за подобра Македонија, денеска попладне во „Метрополис арена“ на Скопскиот саем ќе ги промовира листите на кандидати за пратеници на претстојните предвремени парламентарни избори, закажани за 11 декември, дознава „Мета“. Од ВМРО-ДПМНЕ ја потврдија локација, но сè уште се чека официјална потврда за времето на одржување на настанот. ВМРО-ДПМНЕ синоќа, на околу еден час пред...

Партиите од коалицијата „За подобра Македонија“ потпишаа декларација за соработка

Партиите од коалицијата „За подобра Македонија“, денеска ја потпишаа декларацијата „Македонија 2020“, со која се обврзуваат за посветено работење и за реализирање на проектите и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по потпишувањето на декларацијата истакна дека ќе работат во насока на сеопшт развој, свесни дека има уште да се работи и убедени дека идеите...

СДСМ му ги бара ветените, а нереализирани проекти на градоначалникот Бакрачески

Со наближување на денот на изборите и на промените за кои верува дека ќе се случат во Македонија, СДСМ му ги бара ветените, а нереализирани проекти на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. „Недомаќинското и неодговорно работење на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Бакрачески, сè повеќе доаѓа до израз. Охриѓани знаат што сè вети Бакрачески, а во својот мандат ништо не исполни....

Утре истекува рокот за пратеничките листи, ВМРО-ДПМНЕ молчи за имињата

До утре на полноќ политичките партии и независните кандидати ќе треба да ги достават листите на кандидати за пратеници до Државната изборна комисија (ДИК), кога истекува рокот за пријавување. Дотогаш ќе трае и увидот во избирачкиот список. Досега само Социјалдемократскиот сојуз ги утврди комплетните кандидатски листи со кои ќе настапи на предвремените парламентарни избори. Претходно Демократската партија на Албанците објави...

Груевски: Заев знае дека ќе ги изгуби изборите

Во овој момент и самиот Зоран Заев знае дека ќе ги загуби изборите што претстојат, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на 17. конференција на унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, во Скопје. - Зошто Заев не може да победи и самиот е свесен за тоа? Затоа што нема што да понуди, затоа што...

Андонов побара оставка од Спасовски

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, побара оставка од министерот Оливер Спасовски бидејќи, според него, Спасовски креирал криминално-полициска местенка за дискредитација на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои, нагласи Андонов, веќе настрадал дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов. - Имав средба со еден искусен новинар и бев запрепастен дека сме следени од лица кои се поставени од...

Трајанов: Очекувам СДСМ да презентира информации што досега не беа познати

„Јас очекувам и СДСМ да презентира одредени информации што досега не беа презентирани, затоа што ова е битка да се биде или не. Ова е борба и на ВМРО-ДПМНЕ, односно на раководството кое се ќе стави во функција да опстои на власт, затоа што тие се борат за нивната слобода“, вели Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, во неделното интервју...

Груевски и Фленкенштајн зборуваа за изборите и за европската иднина на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со европратеникот Кнут Фленкенштајн. На средбата, според соопштението од владејачката партија, соговорниците разговарале за актуелните состојби во државата, одржувањето на изборите, како и за европските перспективи на Република Македонија. „Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, истакна дека единствен начин за излез од политичката криза е одржување на престојните избори на кои граѓаните ќе може да...

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестиравме повеќе од една милијарда евра во енергетски проекти

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите десет години инвестираше повеќе од една милијарда евра во енергетски проекти и во модернизација на постојните енергетски капацитети, се вели во реакцијата на партијата на власт, на прес-конференцијата на претседателот на комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски. Од владејачката партија додаваат дека успешно е либерализиран пазарот на електрична енергија, а почнало и искористувањето на обновливите извори на...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во негово време не знаеше дека Кривогаштани и Секирарци постојат

Кога СДСМ раководеше со здравството, не знаеја да го покажат Кривогаштани на мапа, а Секирарци не знаеја дека воопшто постои, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Шилегов денеска го обвини ВМРО-ДПМНЕ и покажа документи од Владата, кои, како што тврди, покажуваат дека неколку барања за обнова на здравствени установи и за...

ВМРО-ДПМНЕ листите ќе ги објави „на голем настан“, СДСМ в недела на конгрес

Ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од СДСМ не откриваат кои ќе им бидат адутите на пратеничките листи преку кои ќе се бара доверба од граѓаните на предвремените парламентарни избори, закажани за 11 декември. Последниот рок до кога листите со кандидати за пратеници треба да се достават до Државната изборна комисија е следниот петок, 11 ноември, на полноќ, а на 18...

Спасов, Стамов, Јовановиќ, Урко, Зекиров – сообраќајките и бегањето како неславна навика

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, не е единствениот функционер од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ што учествувал во сообраќајна несреќа и побегнал од местото на настанот. Претходно, вакво поведение манифестираа двајца градоначалници на владејачката партија, кои, како и Спасов, побегнаа, еден од местото, а друг од одговорноста за сообраќајните несреќи во кои учествуваа, а во кои имаше тешко...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...