fbpx

Спасов, Стамов, Јовановиќ, Урко, Зекиров – сообраќајките и бегањето како неславна навика

-

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, не е единствениот функционер од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ што учествувал во сообраќајна несреќа и побегнал од местото на настанот.

Претходно, вакво поведение манифестираа двајца градоначалници на владејачката партија, кои, како и Спасов, побегнаа, еден од местото, а друг од одговорноста за сообраќајните несреќи во кои учествуваа, а во кои имаше тешко повредени лица.

    • Во петокот минатата недела, според официјалното соопштение на МВР, дополнителниот заменик-министер Диме Спасов со службено возило „фолксваген туарег“, сопственост на Агенцијата за вработување, предзвикал две сообраќајни несреќи и побегнал. Според МВР, одговорноста за сообраќајките се обидел да ја преземе на свои плеќи службениот возач на Спасов, но неговиот исказ не бил автентичен, а според информациите, дополнителниот министер во полиција рекол дека го бркала група од селото Серава.

  • На 31 март 2014 година, актуелниот градоначалник на Дојран, Борче Стамов, со своето возило „киа спортаж“ се судри со автомобил „голф 1“, во кое беа момче и девојка од Богданци, кои со тешки повреди завршија на скопските клиники. МВР се обиде да ја сокрие сообраќајката, а самиот градоначалник првично се закануваше со тужби до медиумите што објавија дека тој учествувал во несреќата. Во билтените на МВР немаше ништо за сообраќајката, а јавноста за настанот дозна од роднините на повредените. Тогашниот помошник-министер за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски, отсуството на информација за сообраќајката ја правдаше со тоа дека во дневните билтени се објавувале само сообраќајќи со загинати лица.
  • Во април 2012 година, тогашниот градоначалник на општина Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ, со службено возило, марка „шкода октавија“, прегази пешак и побегна од местото. Триесет и едногодишниот кумановец со скршеници на главата и со повреди на градниот кош беше пренесен во Ургетниот центар во Скопје, каде по кратко време почина. Јовановиќ беше идентификуван како учесник во несреќата по проверка на стотина возила од полицијата, а неколку дена по сообраќајката беше пронајдено и неговото службеното возило. Јовановиќ не влезе во трката за нов градоначалнички мандат на локалните избори во 2013 година, но неколку месеци по нив беше назначен за директор на кумановската експозитура на „Македонски пошти“, на што реагираше опозицискиот СДСМ. Следната година, тој беше осуден на 15 месеци затвор за сообраќајката.
  • Бегство од местото на настанот немаше, но не помали беа реакции во јавноста по сообраќајките во кои беа инволвирани Дејан Митровски-Урко и Ален Зекиров, поранешни телохранители на експремиерот и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на неговиот братучед и поранешен шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков.
    • Ален Зекиров во 2009 година на булеварот Партизански одреди со мотор го прегази 73-годишниот скопјанец Симо Серафимовски, додека тој го туркал својот велосипед на пешачки премин. Судскиот процес против Зекиров траеше речиси шест години и по голем број одложени рочишта, тој во 2014 година беше осуден на само шест месеци затворска казна.
    • Дејан Митровски-Урко во јули годинава учествуваше во сообраќајка во населбата Кисела Вода, во која тешко беше побвреден, а подоцна почина 22-годишен мотоциклист. МВР му поднесе кривична пријава на поранешниот телохранител на Груевски за сообраќајката, а случајот е во постапка во Основното јавно обвинителство Скопје.
  • Универзитетскиот професор и поранешен министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски, изјави дека додека бил на функција (од 1992 до 1996 н.з.), му  „скинал“ пријава на Сашо Мијалков, во која тој се товарел дека со џип влетал во ноќен бар во Скопје и учествувал во тепачка. Фрчковски изјави дека пријавите ги кинел од почит кон таткото на Сашо Мијалков, Јордан Мијалков, првиот министер за внатрешни работи на самостојна Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...