fbpx

Груевски и Фленкенштајн зборуваа за изборите и за европската иднина на Македонија

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со европратеникот Кнут Фленкенштајн.

На средбата, според соопштението од владејачката партија, соговорниците разговарале за актуелните состојби во државата, одржувањето на изборите, како и за европските перспективи на Република Македонија.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, истакна дека единствен начин за излез од политичката криза е одржување на престојните избори на кои граѓаните ќе може да одлучат за сопствената иднина, базирана врз конкретна програма и проекти што ќе бидат понудени и се приоритет за ВМРО-ДПМНЕ. Груевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е посветена кон понуда на проекти кои ќе гарантираат напредок и продолжување на борбата за подобар стандард за грааѓните. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека е потребна посветеност и одговорно однесување на сите субјекти во градењето атмосфера за веродостојни и демократски избори. Во однос на европските перспективи, Груевски посочи дека за ВМРО-ДПМНЕ членството во Европската Унија е стратешки интерес и дека ќе се продолжи со напорите за придвижување на состојбите на тој план преку активна реализација на мерките и чекорите предвидени со акцискиот план“, стои во партиското соопштение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...