fbpx
Таг: ВМРО-ДПМНЕ

таг: ВМРО-ДПМНЕ

Трајанов: Очекувам СДСМ да презентира информации што досега не беа познати

„Јас очекувам и СДСМ да презентира одредени информации што досега не беа презентирани, затоа што ова е битка да се биде или не. Ова е борба и на ВМРО-ДПМНЕ, односно на раководството кое се ќе стави во функција да опстои на власт, затоа што тие се борат за нивната слобода“, вели Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, во неделното интервју...

Груевски и Фленкенштајн зборуваа за изборите и за европската иднина на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со европратеникот Кнут Фленкенштајн. На средбата, според соопштението од владејачката партија, соговорниците разговарале за актуелните состојби во државата, одржувањето на изборите, како и за европските перспективи на Република Македонија. „Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, истакна дека единствен начин за излез од политичката криза е одржување на престојните избори на кои граѓаните ќе може да...

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестиравме повеќе од една милијарда евра во енергетски проекти

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите десет години инвестираше повеќе од една милијарда евра во енергетски проекти и во модернизација на постојните енергетски капацитети, се вели во реакцијата на партијата на власт, на прес-конференцијата на претседателот на комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски. Од владејачката партија додаваат дека успешно е либерализиран пазарот на електрична енергија, а почнало и искористувањето на обновливите извори на...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во негово време не знаеше дека Кривогаштани и Секирарци постојат

Кога СДСМ раководеше со здравството, не знаеја да го покажат Кривогаштани на мапа, а Секирарци не знаеја дека воопшто постои, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Шилегов денеска го обвини ВМРО-ДПМНЕ и покажа документи од Владата, кои, како што тврди, покажуваат дека неколку барања за обнова на здравствени установи и за...

ВМРО-ДПМНЕ листите ќе ги објави „на голем настан“, СДСМ в недела на конгрес

Ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од СДСМ не откриваат кои ќе им бидат адутите на пратеничките листи преку кои ќе се бара доверба од граѓаните на предвремените парламентарни избори, закажани за 11 декември. Последниот рок до кога листите со кандидати за пратеници треба да се достават до Државната изборна комисија е следниот петок, 11 ноември, на полноќ, а на 18...

Спасов, Стамов, Јовановиќ, Урко, Зекиров – сообраќајките и бегањето како неславна навика

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, не е единствениот функционер од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ што учествувал во сообраќајна несреќа и побегнал од местото на настанот. Претходно, вакво поведение манифестираа двајца градоначалници на владејачката партија, кои, како и Спасов, побегнаа, еден од местото, а друг од одговорноста за сообраќајните несреќи во кои учествуваа, а во кои имаше тешко...

ВМРО-ДПМНЕ: Здравството во времето на СДСМ беше еден од најзапоставените ресори

Петре Шилегов нема капацитет да разбере дека ВМРО-ДПМНЕ ја добива поддршката од граѓаните токму поради проектите што ги нуди и на кои напорно работи да се реализираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на портпаролот на СДСМ. „Кога е здравството во прашање, СДСМ не отстапува од залудните очајнички обиди стопати да каже лага и да се надева дека ќе успее...

ВМРО-НП остава уште една шанса за формирање десничарски опозициски блок

ВМРО-НП на денешниот состанок на партискиот централен комитет одлучи на претстојните избори на 11 декември да оди во коалиција со Обединети за Македонија на Љубе Бошковски и со Достоинство на Стојанче Ангелов. Сепак, партијата остави и можност за преговори со ФРОДЕМ на Јове Кекеновски и со Демократски сојуз на Павле Трајанов доколку деновиве посакаат да ги обноват преговорите кои вчера...

Милошоски: СЈО повикува членови на ВМРО-ДПМНЕ да дадат исказ и ги уценува

Специјалното јавно обвинителство уште еднаш покажа дека е продолжена рака на СДСМ, обвини денеска на прес-конференција Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека овие денови од СЈО го смениле стилот на работа и од читање нарачани прес-конференции и обвиненија против членови на ВМРО-ДПМНЕ, сега се префрлиле во следна фаза на повикување на што поголем број членови на ВМРО-ДПМНЕ да дадат...

Георгиевски „хипотетички“ би прифатил коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, пред почетокот на состанокот на централниот комитет на партијата, во изјава за медиумите ги обвини Демократскиот сојуз и ФРОДЕМ за пропаѓањето на преговорите за формирање десен опозициски блок. Како што рече Георгиевски, не е вистина дека побарале да потпишат изјава дека нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ, напротив, како што рече, повеќе зборувале за тоа колку биле...

Коалиција за промени и за правда: Би соработувале со сите што се против ВМРО-ДПМНЕ

Коалицијата за промени и за правда соопшти дека останува отворена за соработка со сите опозициски партии што ќе изразат јасен став дека по изборите нема да коалицираат со обвинетите и осомничени криминализирани структури на партиите на власт. „Остануваме и понатаму посветени на привлекување на сите субјекти што се загрижени за иднината на Македонија и се подготвени да се вложат во враќањето...

Анкета на „Фактор плус Адриа“: ВМРО-ДПМНЕ има 4,2 отсто предност пред СДСМ

Разликата во рејтинзите меѓу двете најголеми македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, е 4,2 отсто во прилог на владејачката партија, покажале резултатите од последната анкета на агенцијата „Фактор плус Адриа“, објавени денеска. Анкетата била спроведена во периодот од 19 до 26 октомври, на репрезентативен примерок од 1.082 испитаници. Според истражувањето, ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката на 28,1 отсто од гласачите, додека за СДСМ...

Ванхауте: Рокот од 18 месеци во Законот за СЈО го договорија Груевски и Заев без преговори

Странците предлагале да нема рок, СДСМ предлагал рок од околу две години, а Груевски 18 месеци, по што Груевски и Заев се договориле да останат само 18 месеци за истраги и за обвиненија од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Ова за „Вистиномер“ го сведочи тогашниот посредник во преговорите за излез од политичката криза, Питер Ванхауте. Партиите, пак, иако двапати беа прашани...

ВМРО-ДПМНЕ: Слободан Богоевски за сите невистини ќе добие тужба за клевета

Лицето Слободан Богоевски, осуден за криминал за кој има одлежано казна затвор, синоќа ја искористи телевизија „Телма“ и времето што му беше дадено во емисија „Топ-тема“ за да изнесе лаги и клевети во обид да го наруши угледот на ВМРО-ДПМНЕ и на функционери од партијата, реагираат од владејачката партија по синоќешното интервју. За сите невистини што ги изнесе, како што...

Груевски во Лондон на средби со раководството на Конзервативната партија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој од вчера е во „работна посета“ на Лондон, денеска се сретнал со претседателот и со потпретседателот на владејачката Конзервативна партија, Патрик Меклоглин и Марк Филд. На средбата, како што соопштуваат денеска од партијата, било разговарано за членството на Македонија во НАТО, мигрантската криза, како и за аспектите на политичката криза „наметната од опозицијата“. Груевски истакнал дека и покрај...

Груевски во работна посета на Лондон

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска заедно со партиска делегација, во чиј состав се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Владимир Ѓорчев, како и членот на извршниот комитет на партијата, Никола Попоски, ја почна својата посета на Лондон, Велика Британија, во рамките на која ќе се остварат повеќе средби со политичари и со влијателни личности од јавниот и општествен...

Тензично во ИО на ВМРО-НП: Ветрот дува кон ДПМНЕ, дефинитивна одлука викендов

По двочасовна тензична седница на извршниот одбор, ВМРО-НП не донесе одлука со која партијата ќе коалицира и кого ќе поддржи на предвремените парламентарни избори на 11 декември годинава. Како што дознава „Мета“, членовите одлучиле да му дадат уште неколку дена на претседателот на партијата, Љубчо Георгиевски, за да може до викендов да донесе дефинитивно решение. Сепак, според информациите, работите се...

ВМРО-ДПМНЕ со „неверојатен предлог“ се обидела да ја привлече ВМРО-НП на Георгиевски

Пред самиот почеток на вечерашната седницата на извршниот комитет на ВМРО-Народна партија, владејачката ВМРО-ДПМНЕ ѝ доставила нов предлог пакет за формирање коалиција и за заеднички настап на изборите закажани за 11 декември, дознава „Мета“ од извори од партијата на Љубчо Георгиевски. Во предлогот, како што дознаваме, понудени се министерски, директорски и раководителски позиции за кадри на ВМРО-НП, доколку им се...

Кирацовски: За уцени кон администрацијата предвидена е затворска казна до три години

Ве охрабрувам да ги пријавите сите притисоци, заплашувања, повреди на слободата на определување што се поврзани со изборниот процес, рече Александар Кирацовски, дополнителен заменик-министер за информатичко општество, на денешната прес-конференција, на која го најави проектот „Пријави притисок за фер избори“. - Сите неправилности ќе може да ги пријавите анонимно на адресата www.dzm-mioa.mk и на телефонскиот број 02/ 3200955. Целта на овој проект е...

Груевски: Подготвени сме за голема победа

Подготвени сме за силна и голема победа која ќе обезбеди стабилност на Република Македонија, победа која ќе обезбеди државата да излезе од оваа криза во која ја донесе опозицијата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по денешната средба со лидерите на политичките партии од коалицијата За подобра Македонија. Партијата и коалицијата, посочи Груевски, се подготвени за победа која ќе овозможи...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...