Коалицијата за промени и за правда соопшти дека останува отворена за соработка со сите опозициски партии што ќе изразат јасен став дека по изборите нема да коалицираат со обвинетите и осомничени криминализирани структури на партиите на власт.

„Остануваме и понатаму посветени на привлекување на сите субјекти што се загрижени за иднината на Македонија и се подготвени да се вложат во враќањето на вредностите на системот и во забрзувањето на процесите на евроатлантските интеграции“, велат од коалицијата.

Оттаму додаваат дека очекуваат дека независно од тоа што не припаѓаат во ист политички блок, другата сродна групација јасно ќе покаже дека нема намера да прави никаква соработка ниту во текот на изборите ниту по нив со актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и дека тоа ќе го манифестира јасно преку конкретни чекори, како што е санкционирање и дисциплинирање на членството кое упатува повик за таква соработка.