fbpx

Трајанов: Очекувам СДСМ да презентира информации што досега не беа познати

-

„Јас очекувам и СДСМ да презентира одредени информации што досега не беа презентирани, затоа што ова е битка да се биде или не. Ова е борба и на ВМРО-ДПМНЕ, односно на раководството кое се ќе стави во функција да опстои на власт, затоа што тие се борат за нивната слобода“, вели Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“.

На прашањето, со кого ќе коалицира по изборите и дали дефинитивно ги отпишува ВМРО-ДПМНЕ, тој вели:

– Апсолутно. Нашата главна определба и цел е да се демонтира овој режим во државата. Да се создадат услови да се стабилизира Република Македонија, да почнат демократски процеси, да се осамостојат институциите, да има реформи во судскиот систем, да имаме можност слободно да се движиме напред и, што е најважно, блокираните евроатлантски интеграциски процеси да се деблокираат и да почнеме разговори. Се разбира, ни треба многу време, многу време изгубивме, затоа што веќе и во високите кругови во ЕУ, но и во НАТО сè погласно зборуваат: „Вие изгубивте чекор, пред сè немате демократски капацитет како држава и ги немате истите демократски вредности коишто се битни за интеграција во овие сојузи, ЕУ и НАТО“ – вели Трајанов.

Трајанов вели дека како сведок, може да разговара отворено секаде, дека прислушувањето е вршено со одлука, наредба на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ инсталирани во Министерството за внатрешни работи.

– Дека системите на Министерството за внатрешни работи се злоупотребени, дека корисници на тие информации се државно-политичкиот врв, а најмногу претседателот на Владата, тоа е сосема евидентно, за тоа има многу информации, многу докази, повеќе од сигурен сум дека Специјалното јавно обвинителство има мноштво цврсти, сигурни материјални докази за тоа кој прислушувал, по чија наредба, кој е корисник на информацијата. Опструкциите што се прават или спречување на правдата, пред сè, од страна на судот, мислам дека е недозволено, и треба да се разбие овој бастион кој сега е формиран од страна на Кривичниот суд во Скопје. Затоа, јас предлагам да се промени составот на Републичкиот судски совет, да се рекомпонира овој состав, а сите судии да бидат предмет на реизбор. Секој што учествувал во монтирани случаи, носел одлуки или, пак, го опструирал СЈО, тој повеќе нема легитимитет понатаму да биде судија, да дели правда, тие сите треба да ја напуштат таа функција и верувам дека има и добри правници, и добро едуцирани и силни, коишто ќе бидат отпорни на какви било политички влијанија и од партии и од други силни центри на моќ – вели Трајанов во интервју за РСЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...