fbpx

Кирацовски: За уцени кон администрацијата предвидена е затворска казна до три години

-

Ве охрабрувам да ги пријавите сите притисоци, заплашувања, повреди на слободата на определување што се поврзани со изборниот процес, рече Александар Кирацовски, дополнителен заменик-министер за информатичко општество, на денешната прес-конференција, на која го најави проектот „Пријави притисок за фер избори“.

– Сите неправилности ќе може да ги пријавите анонимно на адресата www.dzm-mioa.mk и на телефонскиот број 02/ 3200955. Целта на овој проект е да се мотивираат сите вработени во администрацијата да пријават закани и да се обесхрабрат функционерите на ВМРО-ДПМНЕ да вршат какви било притисоци – рече Кирацовски.

Тој додаде дека тие што ќе се закануваат и ќе уценуваат или ќе прават притисоци врз вработените во администрацијата, можат да добијат и затворска казна до три години. Ако, пак, лице вработено во јавната администрација врши ваков вид казниви дела, казната за него може да биде и до пет години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...