fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева подобро да се кандидираше за носител на листа на СДСМ

-

Денешната прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство, на која беше презентиран случајот „Таргет“, за владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ е уште еден доказ дека Катица Јанева е продолжена рака на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и дека ја спроведува неговата намера „да ја редефинира и федерализира Република Македонија како бинационална држава и да ја обвини Македонија дека е виновна и за спорот што го има Грција со нашето име и за сите други отворени прашања со соседите“.

Според реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, целта на прес-конференцијата била да ги покрие, како што стои во соопштението, скандалозните изјави и ветувања на Заев дадени пред албанската дијаспора во Швајцарија. Владејачката партија ја обвинува Јанева дека без ниту еден доказ ја погазила правната бранша и влегла во политичка кампања.

„Специјалното јавно обвинителство одлучи да се вклучи во изборна кампања уште пред да тргнат изборните каравани и да се официјализира почетокот“, се вели во реакцијата.

Од владејачката партија велат дека Јанева денеска не објаснила како претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, и сите други функционери на партијата се лицата кои биле најприслушувани, и со тоа срамно се обидела да ги покрие „аболираниот криминалец Зоран Заев и неговиот пријател Зоран Верушевски“.

„Катица Јанева денеска не ја објасни нивната скајп-комуникација за заштита и за поддршка од чадорот, ниту скајп-комуникацијата дека ќе се лее крв до колена. Впрочем, и изјавите на Заев и неговите ветувања дадени на албанската дијаспора се најдобриот доказ за „пучот“ кој бил подготвуван на Македонија. Многу почесно ќе беше кон граѓаните доколку Катица Јанева се кандидираше за носител на листа на СДСМ, наместо на овој начин да ја злоупотребува службената положба и овластувања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...