fbpx

Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ: Малку изненадувања на листите и во реториката

-

Малку изненадувања имаше на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“ на која беа претставени кандидатските листи за предвремените избори и која се одржа во „Метрополис арената“ во Скопје.

На листите не се најдоа досегашните министри Диме Спасов, Владимир Пешевски, Ристо Спировски, ниту, пак, поранешните министри Зоран Ставрески, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Игор Ивановски. На листа не се ниту Оливер Андонов ниту, пак, Сашо Мијалков.

Од вкупно 123 кандидати за пратеници на Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 50 се жени, но ниту една од нив не е носител на гласачка листа. Највисоко пласирана на листа е министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која се наоѓа на втората позиција во првата изборна единица. Во првите пет позиции, на листите најчесто има само по една жена, освен во првата и во четвртата изборна единица, каде меѓу првите пет има по две жени.

По презентирањето на кандидатите, прв се обрати носителот на листата во дијаспората, односно во седмата изборна единица, Рамазан Мифтароски од Венеција, со потекло од Могорче, Дебарско.

Носителот на кандидатската листа во шестата ИЕ, Влатко Ѓорѓев, го почна своето обраќање споменувајќи го долгото очекување на изборите и дека има уште 20 дена до изборите, но оти народот е веќе подготвен.

15050133_1252766771461846_1664741859_nАнтонио Милошоски, кој ја води листата кандидати за четвртата изборна единица, рече дека со гласањето за ВМРО-ДПМНЕ се гласа и за партнерите на Македонија, како што се ЕУ, НАТО, Русија, Кина, Турција и САД, при што му ја честиташе победата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Илија Димовски, носител на кандидатската листа од третата ИЕ, рече дека СДСМ не знае да состави листа, а не, пак, држава да води. Тој се задржа и на коментарот на Зоран Заев за „грдите лица на Македонците“.

Никола Тодоров рече дека нема да дозволат да се спроведе црното сценарио за Македонија.

Никола Попоски, кој ја предводи листата во ИЕ 1, го почна својот говор со шега, за соседот кој му рекол дека му мириса дека ќе победат на избори годинава, а тој возвратил дека ќе имаат три победи.

Лидерот на партијата, Никола Груевски, кој во четвртата изборна единица ќе се бори против лидерот на СДСМ, порача дека доаѓа моментот да биде поразен Заев, „за сè што ѝ направил на Македонија“ и повика дека и овојпат треба да освојат 63 пратенички места. Тој истакна дека во кампањата ќе зборуваат за тоа што планираат да прават и да градат, а нема да бидат деструктивни со напади како опозицискиот СДСМ.

 

1 ИЕ
1. Никола Попоски
2. Елизабета Канческа-Милевска
3. Борис Змејковски
4. Драган Данев
5. Даниела Рангелова
6. Љупчо Димовски
7. Крсто Јовановски
8. Чедомир Саздовски
9. Светлана Јакимовска
10. Јасминка Дамческа
11. Владимир Нелоски
12. Андон Чибишев
13. Ирена Попова
14. Оливер Зафировски
15. Роберт Вељаноски
16. Симона Чаминска
17. Мите Костов
18. Жарко Ристоски
19. Светлана Колариќ
20. Марија Јакимовска

2 ИЕ
1.Никола Тодоров
2. Трајко Вељаноски
3. Жаклина Пешевска
4. Иван Стоилковиќ
5. Амди Бајрам
6. Владанка Авировиќ
7. Зоран Ѓорѓиевски
8. Јохан Тарчуловски
9. Весна Дамчевска-Илиевска
10. Невенка Стаменковска
11. Бојан Стојаноски
12. Драган Петковски
13. Емилија Трајковска
14. Ѓоко Велковски
15. Дарко Костовски
16. Марија Николовска
17. Зоран Бајовски
18. Марија Ангелова
19. Марио Цветковски
20. Милка Спасевска.

3 ИЕ
1. Илија Димовски
2. Емил Димитриев
3. Слаѓана Митовска
4. Трајчо Димков
5. Стојан Миланов
6. Магдалена Манаскова
7. Зеќир Рамчиловиќ
8. Никола Мицевски
9. Благица Ласовска
10. Емилија Александрова
11. Иван Иванов
12. Ѓорѓи Коџабашиев
13. Милка Христова
14. Марјанчо Колевски
15. Александар Ѓорѓиевски
16. Сузана Секуловска
17. Костадин Штериов
18. Весна Јованова
19. Тина Петрова
20. Зоран Здравевски

4 ИЕ
1.Никола Груевски
2. Ванковер Манчев
3. Ане Лашкоска
4. Панчо Минов
5. Весна Пемова
6. Васил Пишев
7. Нада Ципушева
8. Димитар Стевананџија
9. Драган Цуклев
10. Павлинче Честојнова
11. Ѓоко Камчев
12. Дајанчо Ефтимов
13. Мирјана Хаџиевска
14. Александар Галапчев
15. Тони Гражданлиев
16. Павлина Георгиева
17. Јованче Јошев
18. Оливер Трајков
19. Гордана Тошеска
20. Катерина Шурбеска

5 ИЕ
1.Антонио Милошоски
2. Зоран Илиоски
3. Лилјана Затуроска
4. Љубен Арнаудов
5. Благоја Деспотоски
6. Нола Исмајлоска-Старова
7. Крсто Мукоски
8. Сашо Василевски
9. Лилјана Кузмановска
10. Соња Талевска
11. Момчило Аврамоски
12. Алим Билали
13. Сузана Божиноска
14. Јован Тозиевски
15. Хасан Мазлум
16. Олга Лозановска
17. Дејан Пандилески
18. Максуд Мутаир
19. Николина Дамчевска
20. Валентина Стојкоска

6 ИЕ
1.Влатко Ѓорчев
2. Јусуф Хасани
3. Дафина Јованоска-Стојаноска
4. Горан Манојлоски
5. Фатмир Имероски
6. Валентина Стефановска
7. Дениз Ризванче
8. Јованка Ставреска-Данаковска
9. Стојан Тодороски
10. Јасминка Богдановска
11. Лоран Страшевски
12. Елизабета Новеска
13. Елвира Ејупи
14. Ангеле Јовановски
15. Ерол Исмаили
16. Наташа Блажевска
17. Зоран Спанџевски
18. Игор Павлески
19. Дијана Бибовска
20. Верица Тофиловска

7 ИЕ
1. Рамазан Мифтароски
2. Зоран Стојановски
3. Славица Галевска-Милчиноска

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...