fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Заев сфати дека крајот му е поблиску отколку што мислеше

-

Голем е стравот кај Заев откако сфати дека по 11 декември не само што СДСМ ќе биде жестоко поразен на избори, туку и тој ќе мора да сноси и директна лична одговорност за сè што ѝ направи на Република Македонија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на писмената изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за носителите на изборните листи на владејачката партија.

„Нема веќе криење за Заев од директно соочување со Никола Груевски. Нема бегање за СДСМ од соочување со волјата на граѓаните и нивното врвно демократско право самите да бираат кој ќе ја раководи државата. СДСМ на чело со аболираниот криминалец Зоран Заев правеше се за да му го ускрати ова право на народот. Правеше се за да не се појави на избори и да ја држи земјата во состојба на агонија и голема криза, да го истошти и исцрпи народот, а потоа за тоа да ја обвинува власта. Но тоа завршува на 11-ти декември“, стои во реакцијата на владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека дојден крајот на сите лаги и измислици од фабриките за афери на СДСМ.

„Дојде неизбежниот крај за шарлатанските политики на аболицираниот криминалец Заев и неговите соработници. Дојде време за крај на кризата. Аболираниот криминалец Заев се плаши од тој ден, бидејќи Заев и СДСМ се водат по девизата „Колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“. Нема повеќе од ова за нив, нема подалеку од тука до каде што дојдоа. Доаѓа денот кога граѓаните ќе си дојдат по своето и ќе им кажат не, на деструктивните и антимакедонски политики на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ“, велат од партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...