четврток, 11 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: буџет | 486 резултати

Битола: Златниот рид стана мрачна населба

декември 24, 2015

И по пет години од најавата на проектот Златен рид, каде требаше да никне најлуксузниот кварт во Битола, со хациенди, згради, градинки и со други институции, таа населба со градот е поврзана само со козји патеки. Како и зошто се потрошени 2,5 милиони евра од парите на битолчани што беа наменети за изградба на инфраструктура? Ги прашал ли […]

Василево: Четири години за четири километри

декември 22, 2015

Четири години по ред, локалниот пат Чанаклија – Нова Маала во општина Василево е во плановите и парите се одвојуваат во буџетот на Општината. Останаа четири километри пат – четири километри секојдневно малтретирање за жителите на овие места, кои никогаш не открија каде и како секоја година исчезнуваат нивните пари. – Моите пари ме болат […]

Прилеп: Дом за стари лица како дом за казненици

декември 21, 2015

Замрзнатата и блокирана сметка ги остави без греење, без доволно храна и грижа 128 станари во Домот за стари лица во Прилеп. На штитениците, кои и самите плаќаат за услугите, им се закануваат извршни решенија за наплата на долгови. Анализите покажуваат дека, всушност, Домот за стари лица и последните две години трошел многу повеќе отколку […]

Американскиот Сенат го усвои буџетот, на потег е Обама

декември 18, 2015

Американскиот Сенат го усвои буџетот за 2016 година, а предвидено е владата да се финансира со околу 1 милијарда долари. Се отвара можноста и за извоз на американската сурова нафта, што е првпат во последните 40 години. Законот за буџет ќе оди на потпишување кај американскиот претседател Барак Обама, а од Белата куќа соопштуваат дека претседателот […]

Советот на општина Центар го изгласа буџетот за 2016 година

декември 18, 2015

Советот на општина Центар едногласно го усвои буџетот за 2016 година, кој ќе изнесува 1.501.674.000 денари односно 25,5 милиони евра. „Буџетот е креиран транспарентно, во соработка со граѓаните. Одржани беа форуми за буџетот, во соработка со Центарот на заедницата, на кои жителите на Центар укажуваа на што треба да се трошат парите“, велат од Општина […]

Буџетот на Општина Штип изнесува рекордни 916 милиони денари

декември 15, 2015

Буџетот на Општина Штип за 2016 година изнесува 916 милиони денари и е зголемен за 21 процент во однос на 2015 година, беше речено на денешната јавна презентација. Најголем дел од средствата за капитални проекти ќе бидат потрошени за улици и за патишта, но и за враќање на кредитот кон Светската банка за изградба на […]

Заев: Груевски призна пораз на неговите економски политики

ноември 30, 2015

„Никола Груевски официјално призна целосен пораз на сите негови политики во изманативе десет години. Неговите расипнички и недомаќински политики без економски концепт и без визија за развој на земјата ја доведоа државата во ситуација да мора да се задолжува да обезбеди пари за плати, пензии и за социјална помош и друго“, обвини лидерот на СДСМ, […]

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот за Град Скопје е правен во целосно транспарентна постапка

ноември 24, 2015

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека предлог-буџетот на Град Скопје за 2016 година е буџет кој ќе одговори на барањата и на потребите на граѓаните на Скопје. Слободанка Алексовска, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, вели дека станува збор за развоен буџет, со голем број капитални проекти и инвестиции, кои значително ќе […]

ФК Брегалница бара повеќе од 302.000 евра општински пари

ноември 21, 2015

Фудбалскиот клуб Брегалница е градски клуб и иако е акционерско друштво, целосно е финансиран од Општина Штип. Од буџетот за 2016 година, клубот бара 18.600.000 денари за редовно работење. ФК Брегалница е на дното на прволигашката табела, меѓутоа амбициозното раководство на клубот очекува напролет, на крајот од сезоната, Брегалница да се најде меѓу првите четири екипи. – […]

Собранието го изгласа буџетот за 2016 година

ноември 20, 2015

Со 66 гласа „за“ и со 28 гласа „против“, пратениците во Собранието, пред полноќ, го изгласаа буџетот за 2016 година. Станува збор за досега најголем буџет, кој тежи 3,2 милијарди евра. Опозицијата гласаше против, бидејќи, како што пратениците повеќепати истакнаа за време на петдневната дискусија, овој буџет е расипнички, недомаќински, нереален, неразвоен, нетранспарентен. Буџет, кој, според нив, […]

Дескоска: Генерации се задолжени за сметка на луксузот на власта

ноември 20, 2015

Во расправата за предлог-буџетот за 2016 година, која сè уште трае во Собранието, преовладуваат политичките конфронтации меѓу пратениците. Тие од опозицијата укажуваат на непродуктивноста и на нетранспарентноста при трошењето на парите на граѓаните, како и на преголемото задолжување, кое со еврообврзницата може да достигне и до 50 проценти од БДП. Пратениците од владејачката партија, пак, ги бранат политиките […]

Грција ќе ја избегне рецесијата годинава

ноември 20, 2015

Владата во Атина соопшти дека Грција ќе ја избегне очекуваната рецесија годинава и дека ќе претрпи само мало забавување на економијата во 2016 година. Владата денеска го достави предлог-буџетот за 2016 година до парламентот, предвидувајќи нулта пораст на домашниот бруто-производ за оваа и пад од 0,7 отсто за следната година. Преговорите за третиот пакет помош за Атина […]

„Б“ како Буџет 2016 или како „Бушава азбука“

ноември 20, 2015

Денеска е во тек петтата расправа за дополнителниот предлог-буџет во Собранието, при што се очекува тој, најдоцна до полноќ, да биде изгласан. И покрај тоа што се носи најважниот стратегиски документ од кој зависи остварувањето на економските политики, планираниот проектиран економски пораст, како тема на дискусија меѓу пратениците се најдоа и Итар Пејо, Ченто и „Бушава […]

Беџети: Расправата за буџетот е само еден лош театар

ноември 18, 2015

Денеска е во тек третата собраниска расправа за дополнителниот предлог-буџет, на која пратениците меѓу себе се расправаат за тоа што направила власта, а што опозицијата, а најмалку дебатираат за ставките во буџетот што ги засегаат граѓаните и од кои зависи економскиот просперитет на државата. Пратениците од собраниските говорници признаа дека јавноста е сведок на лош театар. […]

Стојановски: Целта на буџетот е да се купи глас повеќе за предвремените избори

ноември 18, 2015

На денешната седница во Собранието, на која продолжи расправата за дополнителниот предлог-буџет, владејачката партија ја обвини опозицијата дека создала вештачка политичка криза, која е причина за послабите проекции за економијата. Но, и покрај тоа, како што порача пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска, се најавуваат нови странски инвестиции. – Буџетот за 2016 година е комбинација […]

Тунтев: Реалноста надвор од буџетот е дека народот сè потешко живее

ноември 17, 2015

На втората расправа за предлог-буџетот во Собранието, пратениците дискутираа, повеќе политички, во однос на остварувањата на оваа власт и за забелешките од опозицијата, отколку за ставките во буџетот и што тој значи за граѓаните за следната година. Пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев, зборуваше за бројките надвор од буџетот и за тоа што тие, според него, значат […]

Денеска продолжува седницата за буџетот

ноември 17, 2015

Расправата за буџетот продолжува и денеска во Собранието. Опозицијата нема да даде поддршка за него бидејќи, како што истакна Марјанчо Николов, буџетот е расипнички, недомаќински, нереален и неразвоен и, според пратеникот на опозицискиот СДСМ, со него секој од нас е задолжен со нови 150 евра. Министерот за финансии, Зоран Ставрески, истакна дека во буџетот има развојна и […]

Николов: Со буџетот за 2016 година, секој од нас е задолжен за 150 евра

ноември 16, 2015

Марјанчо Николов од опозицискиот СДСМ, на собраниската расправа за предлог-буџетот, истакна дека опозицијата нема да го поддржи буџетот за 2016 година бидејќи е расипнички, недомаќински, нереален и неразвоен. За историски највисокиот буџет од 3,2 милијарди евра, Николов додаде дека е нетранспарентен и не се знае каде Владата ќе ги потроши парите. – Овој буџет е […]

Ставрески го образложи предлог-буџетот за 2016 година пред пратениците

ноември 16, 2015

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, го образложи предлог-буџетот за 2016 година пред пратениците на Собранието. Тој очекува следната година да има повисок степен на политичка стабилност, со што ќе се создаде подобра клима за стопанството, за реализација на инвестиците и за граѓаните полесно да ги носат потрошувачките одлуки. Ставрески, како што појасни пред пратениците, очекува и […]

МТВ од денеска нема да емитува владини реклами

ноември 13, 2015

„Македонската радио-телевизија“ го прекинува објавувањето владини реклами и кампањи финансирани од буџетот на Република Македонија, дознава „Мета“. Според наши извори, вработените на МТВ пред еден час добиле наредба да не пуштаат владини реклами во временските интервали што досега биле предвидени за тоа. Оваа одлука на МТВ стигнува по соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми […]

Страна 22 од 25