fbpx

Ставрески: Во буџетот повеќе пари за капиталните проекти

-

Mинистерот за финансии, Зоран Ставрески, образложувајќи го предложениот ребаланс на буџетот за 2015 година пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет, истакна дека приходите се повисоки од планираните и тие со предложениот ребаланс на буџетот ќе се преточат на расходната страна за политики, мерки, активности и за проекти што беа најавени.

– Вкупните даночни приходи во првите шест месеци од годинава се реализираа во износ од 78.131 милијарда денари, што е за 14 проценти повеќе во однос на претходната година – рече Ставрески и појасни дека кај даночните приходи има намалување на ДДВ, но оти тоа е компензирано со повисоките приходи од данокот на добивка и од акцизите.

Според Ставрески, буџетскиот дефицит во првите шест месеци достигна 9.521 милијарда денари, што е 1,7 процент од БДП и е половина од предвидениот на 3,5 проценти од БДП.

За расходната страна, министерот посочи дека во првите шест месеци достигна до 87.652 милијарди денари, што е 5 проценти повеќе во однос на 2014 година и е во рамки на проектираното.

Тој додаде дека кај капиталните расходи е предвидено за 1.115 милијарди денари повеќе средства при што, како што посочи, ќе се интензивираат активности за неколку проекти што се од приоритетно значење.

Со ребалансот, како што рече, предвидени се средствата за редовна исплата на зголемената социјална помош за 10 проценти, дополнителни средства за исплата на помош за сите ранливи категории, за зголемување на пензиите за пет проценти од октомври, како и за стипендиите.

Ставрески истакна дека со ребалансот се очекува да се задржи буџетскиот дефицит, кој е проектиран на 3,5 проценти од БДП и да се одржи нивото на јавниот и на државниот долг.

Расправата по предложениот ребаланс во Комисијата за финансирање и буџет треба да заврши за 10 работни денови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...