понеделник, 8 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: буџет | 485 резултати

Расправата за буџетот во Собранието закажана за 16 ноември

ноември 3, 2015

Расправата за буџетот е закажана за 16 ноември во 12 часот. – Владата го достави дополнетиот предлог за буџетот за 2016 година до Собранието на Република Македонија. Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, свика нова пленарна седница за 16 ноември во 12 часот – соопштија од кабинетот на претседателот на парламентот.

Буџетот на Јанева мазно помина низ собраниските комисии

октомври 30, 2015

Собраниската комисија за финансирање и за буџет без расправа и за само неколку минути го изгласа и го пушти во понатамошна постапка предлог-буџетот за работа на специјалната обвинителка Катица Јанева. Предлог-буџетот беше единствена точка на дневниот ред на 66. седница на комисијата, а го образложи министерот за финансии, Зоран Стеврески. Со него се предвидува Специјалното обвинителство да […]

Поповска: Братче Стево, уживај си ти, сега стана човече со патент на уста

октомври 29, 2015

Пратеничката од ДОМ, Лиле Поповска, на седницата наменета за поставување пратенички прашања, рече дека не е задоволна од одговорот што го добила на поставеното пратеничко прашање на претходната седница на Собранието. Таа прашала дали Владата ќе обезбеди повеќе пари за надзор на квалитетот на воздухот, а како одговор добила дека Министерството за животна средина побарало 50 […]

Заврши амандманската расправа за буџетот за 2016 година

октомври 28, 2015

Собраниската Комисија за финансирање и буџет ја заврши амандманската расправа по предлог-буџетот за 2016 година. Од предложените 417 амандмани, во утврдениот рок од 10 дена разгледани биле 92 поднесени амандмани, од кои прифатени се четири. Денеска Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа по предлог-законот за извршување на буџетот на РМ за 2016 година.

Градоначалникот на Струга ја обвини власта дека го ограничува општинскиот буџет

октомври 23, 2015

Градоначалник на Струга, Зијадин Села, ја обвини централната власт дека го ограничува општинскиот буџет на ниво од 16 милиони денари, со што планираните проекти во рамките на акциските планови за образование, социјална заштита, млади и за соработка со граѓански организации, не можат да се имплементираат. – Парите што ќе се соберат од граѓаните на општина Струга, […]

Милошеска: Дискутабилни се планираните 4 проценти пораст на БДП за 2016 година

октомври 21, 2015

На амандманските расправи за предлог-буџетот за 2016 година, кои се во тек, опозицијата  ја обвинува власта дека буџетот за следната година е недомаќински и нереален, а власта, пак, се брани дека проекциите за пораст на БДП за 4 проценти се остварливи и дека буџетот развоен. Наспроти ставовите и на едната и на другата страна, според професорката на […]

Продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот

октомври 19, 2015

Aмандманската расправа за предлог-буџетот за 2016 година, продолжува денеска. Пратеничките групи поднесоа 418 амандмани, а досега на матичната собраниска комисија пратениците расправаа за 11 амандмани. Според опозицискиот СДСМ, буџетот за следната година е неразвоен и нереален, бидејќи нема да се оствари планираниот економски пораст. За власта, пак, проекциите се остварливи, а буџетот развоен. Економијата следната […]

Милевски: Кривично да се одговара за погрешно проектиран буџет

октомври 15, 2015

„Ако тврдите дека буџетот е реален и оставрлив, ајде на денот кога ќе го донесеме буџетот, да донесеме измени на кривичниот законик, за минстерот кривично да одговара ако дава лажни податоци и грешно проектира“, предложи Горан Милевски од ЛДП на денешната расправа за буџетот. Според пратеникот на СДСМ, Панче Орцев, власта и со овој буџет […]

Николов: Буџетот е нереален, неразвоен и недомаќински

октомври 13, 2015

Пратеникот на опозицијата Марјанчо Николов, на комисиската расправа за финансирање и буџет, на расправата за предлог-буџетот за 2016 година, истакна дека опозицијата нема да даде поддршка за ваков буџет, бидејќи е неразвоен, нереален, недомаќински и ја става раката длабоко во џебот на граѓаните и во џебот на компаниите, за потоа да ги троши парите непродуктивно. Според него, […]

Сугарески: Зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да го каже мислењето за екстерното и за минималната плата

септември 28, 2015

Предлозите на СДСМ за екстерното тестирање, минималната плата, буџетските измени со кои граѓаните треба да знаат колку и на што се трошат нивните пари, се ставени како последни точки на дневниот ред на собраниската седница. – Нашите предлози беа доставени во Собранието на 3 септември, а Владата своите прелози кои се на дневен ред на […]

Кредитот од 2,5 милиони евра повлечен од буџетот на Oпштина Битола

септември 28, 2015

Советот на Општина Битола денеска расправа за ребалансот на буџетот за 2015 година, а во него ги нема парите од кредитот тежок 2,5 милиони евра, задолжување кое Oпштината го направи за изградба на инфраструктура во поранешната касарна. Повлекувањето на парите од кредитот ја изненади битолската опозицијата, дотолку повеќе што задолжувањето од самиот почеток крена многу прав […]

Николов: СДСМ ќе го полни буџетот од богатите

септември 26, 2015

Државниот буџет ќе се полни од побогатите, бидејќи СДСМ планира да направи скалест данок, во зависност од тоа колку некој е богат, рече пратеникот Марјанчо Николов, при гостувањето во „Канал 77“. Николов не кажа други детали од економската програма, на која, како што рече, се работи, но генерално предвидува намалување на сите непродуктивни трошоци. Пензиите, кои […]

Повеќе пари за пензии и за социјална помош во предлог-буџетот за 2016 година

септември 24, 2015

Владата на синоќешната седница го усвои предлог-буџетот за 2016 година, информираше вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески. Повеќе пари се предвидени за пензии, социјална парична помош и за капитални инвестиции. – Основните карактеристики на предлог-буџетот за 2016 година, се намалување на буџетскиот дефицит од 3,6 проценти оваа година на 3,2 проценти следната година. Зголемување […]

Град Скопје: Во буџетот има предвидено средства за изградба на луна-парк

септември 19, 2015

Градот Скопје реагира на, како што наведуваат во соопштението, „невистините кои беа изнесени во денешното соопштение на СДСМ околу изградбата на новиот луна-парк во Скопје.“ – Градот Скопје изминативе години работи на реализација на овој капитален проект, за кој досега имаше поголем број обиди да биде реализиран по пат на јавно-приватно партнерство, а во согласност […]

Николов: ВМРО-ДПМНЕ оневозможува расправа за буџетот

септември 17, 2015

Комисијата за финасирање и буџет ја одржа првата седница откако опозицијата се врати во Собранието, но пратениците од власта не дозволија расправа за измените во законот за буџети, предложен од опозицијата. Крсте Муковски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека биле сведоци на поканети невладини организации токму од Сорос, за кои, како што вели, „не знам од кои причини […]

Николов: Граѓаните месечно да бидат информирани за што се трошат нивните пари

септември 14, 2015

Пратеничката група на СДСМ до Собранието поднесе предлог-измени на Законот за буџетите со кои власта ќе се задолжи да дава отчет за што и како ги троши народните пари, за што на 17 септември, Комисијата за финансирање и буџет ќе отвори јавна расправа. – Милиони евра, пари на граѓаните, изминативе девет години се потрошени во нетранспарентни […]

Ставрески: Буџетот е во одлична кондиција

септември 10, 2015

Буџетските приходи се повисоки за 13,5 проценти во однос на 2014 година и буџетот е во одлична кондиција. Ова денеска го истакна вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески. Тој додаде дека даночните приходи за осумте месеци од годинава се повисоки за повеќе од 14 проценти, односно за 12,8 милијади денари во однос на 2014 година. – […]

СДСМ: Со скапиот кеј, народните пари ќе завршат во нечии џебови

септември 1, 2015

Координаторот на советничката група на СДСМ од Охрид, Јован Стојаноски, обвини дека на седницата на Советот на Општина Охрид, на многу нетранспарентен начин советниците на ВМРО-ДПМНЕ изгласаа „расипнички ребаланс на буџетот“. – Од проектираните зголемени 67 милиони денари во буџетот, тие наместо за капитални и за развојни инвестиции, најголемиот дел од 36 милиони денари, пари […]

Пратениците и денеска ќе расправаат за измените на Буџетот

август 20, 2015

За денеска е закажана 62. собраниска седница на која пратениците треба да разгледаат 87 предлог-закони од кои дел се во скратена постапка, а дел во второ читање. На дневен ред се Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2015 година и Дополнетиот предлог на закон за национална база на податоци за лица со […]

Власта не ги прифати амандманите за буџетот предложени од ДПА

јули 27, 2015

Без образложение зошто, министерот за финансии Зоран Ставрески на денешната расправа за буџетот ги одби сите амандмани предложени од опозициската ДПА. – Министерот не ги кажа изворите за овие средства и затоа ќе знаете дека во април 2016 година ќе има предвремени избори и мислам дека одбивањето на амандманите и ребалансот во исклучително тешко време […]

Страна 23 од 25