fbpx

„Транспарентност“: Завршната сметка на буџетот, непознаница за граѓаните

-

„Транспарентност Македонија“ во новиот билтен за јуни во однос на буџетот, го повикува министерот за финансии, Зоран Ставрески, на македонската јавност да ѝ објасни зошто Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извештајот за усогласеност на основниот буџет за 2014 година дава мислење со резерва и тоа како за правната рамка и за стратегиските документи, така и за целокупниот процес, од подготовката и донесување, па сѐ до неговата реализација.

Во билтенот се наведува дека донесувањето на завршната сметка на буџетот за 2014 година остана непознаница за најголем број македонски граѓани.

– Владата и Министерството за финансии повторно покажаа дека воопшто не се заинтересирани да се зборува за фактичката состојба со јавните расходи во 2014 година. Тоа, само по себе, го покажува големиот демократски дефцит на оваа власт. Во оваа смисла, она што особено треба да се истакне е извештајот на ДЗР за усогласеност на основниот буџет за 2014 година. Мислењето е следно: „Во однос на правната рамка, стратешките документи, постапката за подготовка и донесувањето, управувањето и извршувањето на буџетот, изразуваме мислење со резерва, како и за планирање, евиденција и за реализација на расходите, одливите и приходите и другите приливи во буџетот и за функционирањето на контролните постапки на ИТ-системите“ – се вели во билтенот.

Мислењето со резерва, според „Трансапрентност“, укажува на низа недоследности и неправилности во сите фази од реализирањето на буџетот, почнувајќи од донесување на стратегиските документи и почнувањето на постапката за донесување на буџетот, па сè до неговата конечна реализација, како и самата евиденција на буџетските приходи и расходи и функционирањето на контролните постапки на ИТ-системите.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот претседател чекал 40 минути во авионот во Париз поради „безбедносна загриженост““

На израелскиот претседател Исак Херцог и на неговата делегација им било дозволено да излезат од авионот на парискиот аеродром дури откако поминале 40 минути во авионот „поради безбедносна загриженост“,...