fbpx

ТМ: „Скопје 2014“ е бунар без дно!

-

„Контроверзниот проект „Скопје 2014“ продолжува да функционира како финансиски „бунар без дно“ во кој исчезнуваат парите на граѓаните на Република Македонија. Од денешен аспект, оправдано се поставува прашањето дали на ваквото нерационално трошење на државните пари некогаш ќе дојде крај, бидејќи сега е веќе 2015 година, а проектот продолжува да троши милионски суми евра за нејасни и неоправдани цели“. Ова го пишува во најновиот билтен на „Транспарентност Македонија“ (ТМ).

„Нерационалното трошење на парите на граѓаните продолжува и во други сфери. Имено, она што особено треба да се истакне е новата барокна ограда околу зградата на Владата на Република Македонија. По повеќе од половина век постоење на зградата на Владата, се донесе одлука таа да се огради со барокна ограда. Настрана сомнителните политички мотиви за оградувањето на зградата на Владата, вредно е да се спомене дека вредноста од 690.000 евра дез ДДВ за изведба на оваа ограда, која ќе биде со бетонски барокни столбови и со ковано железо, а далеку пократката ограда кај хотелот „Холидеј ин“ надмина 1,3 милиони евра. Ова само покажува како нерационално се трошат парите на граѓаните. Министерството за култура, пак, објави тендер за изградба на споменик на Мајка Тереза во центарот на Скопје, за неверојатни 5,1 милиони евра. Владата со пари на граѓаните со кампања вредна 500.000 евра ќе ги обучува граѓаните да се хранат здраво“, пишува во билтенот.

„Транспарентност Македонија“ го повика премиерот Никола Груевски да објасни кои се мотивите за оградување на објектот на Владата.

ТМ бара од локалната самоуправа и од јавните претпријатија да престанат да ги трошат парите на граѓаните за ненаменски и сомнителни цели.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...