fbpx

Со зголемување на субвенциите, се зголемува и увозот на храна

-

Зошто ефектите од субвенциите во земјоделството исчезнуваат и дали субвенциите одат во вистински раце, прашува „Траснпарентност Македонија“ во јунскиот билтен.

Во оваа насока, од организацијата посочуваат дека во последните седум години субвенциите во земјоделството се зголемиле за повеќе од трипати. „Од околу 45 милиони евра во 2008 година, се зголемија на околу 150 милиони евра оваа година, но сето тоа е проследено и со зголемен увоз на храна во земјата“, се вели во билтенот.

– Еден дел од земјоделците и агроекспертите сметаат дека има погрешна, непланска распределба на субвенциите, слаба реализација на планираните суми за субвенции, но не треба да се занемари ни „партиската“ распределба на субвенциите. Претседателот на регионалниот Сојуз на земјоделци, Ристо Велков, официјално изјави дека во земјоделството побргу се земаат субвенции ако си близок до власта и дека субвенциите се повеќе за купување социјален мир, отколку за развивање на земјоделството. Од неговото искуство, тој вели дека многу е мал бројот на вистинските земјоделци што ги користат субвенциите со нивна правилна намена. Ваков став делат и повеќе други земјоделците во Македонија – се вели во билтенот.

Според „Транспарентност“, недостатоци во субвенционирањето на земјоделското производство во Македонија во еден од последните извештаи даде и Светска Банка.

Тие бараат од министерот за земјоделство да им објасни на македонските граѓани како Владата успеа со зголемени субвенции да го намали производство на културите што ги субвенционира и да го зголеми нивниот увоз. Министерот, според „Транспарентност“, е должен да објасни дали субвенциите се делат според одредена издржана земјоделска развојна стратегија, дали одат кај вистински земјоделски производители и дали постои контрола од надлежното министерство на овој процес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...