fbpx

Собраниска седница на Комисијата за финансирање и за буџет

-

Седница на Комисијата за финансирање и за буџет денеска ќе се одржи во Собранието на Република Македонија.

На дневен ред се измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, на Законот за јавни набавки и на Законот за користење и за располагање со стварите на државните органи, сите во второ читање.

Комисијата ќе ги разгледа и предлог-законот за затворање на сметките што се преземени во Управата за јавни приходи од поранешната Агенција за работа со блокирани сметки на учесниците во платниот промет, чии иматели се субјекти кои по организациона форма не се трговски друштва или трговци-поединци, како и предлог-законот за претворање на побарувањата на Република Македонија врз основа на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во ЈП МЖ „Инфраструктура“ – Скопје, двата во второ читање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...