fbpx
Таг: буџет

таг: буџет

Американскиот Сенат го усвои буџетот, на потег е Обама

Американскиот Сенат го усвои буџетот за 2016 година, а предвидено е владата да се финансира со околу 1 милијарда долари. Се отвара можноста и за извоз на американската сурова нафта, што е првпат во последните 40 години. Законот за буџет ќе оди на потпишување кај американскиот претседател Барак Обама, а од Белата куќа соопштуваат дека претседателот ќе го поддржи, пренесува агенцијата „Ројтерс“.  

Советот на општина Центар го изгласа буџетот за 2016 година

Советот на општина Центар едногласно го усвои буџетот за 2016 година, кој ќе изнесува 1.501.674.000 денари односно 25,5 милиони евра. „Буџетот е креиран транспарентно, во соработка со граѓаните. Одржани беа форуми за буџетот, во соработка со Центарот на заедницата, на кои жителите на Центар укажуваа на што треба да се трошат парите“, велат од Општина Центар. Од буџетот, меѓу другото, за...

Буџетот на Општина Штип изнесува рекордни 916 милиони денари

Буџетот на Општина Штип за 2016 година изнесува 916 милиони денари и е зголемен за 21 процент во однос на 2015 година, беше речено на денешната јавна презентација. Најголем дел од средствата за капитални проекти ќе бидат потрошени за улици и за патишта, но и за враќање на кредитот кон Светската банка за изградба на платформите во реката Отиња. Иако...

Заев: Груевски призна пораз на неговите економски политики

„Никола Груевски официјално призна целосен пораз на сите негови политики во изманативе десет години. Неговите расипнички и недомаќински политики без економски концепт и без визија за развој на земјата ја доведоа државата во ситуација да мора да се задолжува да обезбеди пари за плати, пензии и за социјална помош и друго“, обвини лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната...

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот за Град Скопје е правен во целосно транспарентна постапка

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека предлог-буџетот на Град Скопје за 2016 година е буџет кој ќе одговори на барањата и на потребите на граѓаните на Скопје. Слободанка Алексовска, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, вели дека станува збор за развоен буџет, со голем број капитални проекти и инвестиции, кои значително ќе го подобрат животот на жителите...

ФК Брегалница бара повеќе од 302.000 евра општински пари

Фудбалскиот клуб Брегалница е градски клуб и иако е акционерско друштво, целосно е финансиран од Општина Штип. Од буџетот за 2016 година, клубот бара 18.600.000 денари за редовно работење. ФК Брегалница е на дното на прволигашката табела, меѓутоа амбициозното раководство на клубот очекува напролет, на крајот од сезоната, Брегалница да се најде меѓу првите четири екипи. - За разлика од лани, кога...

Собранието го изгласа буџетот за 2016 година

Со 66 гласа „за“ и со 28 гласа „против“, пратениците во Собранието, пред полноќ, го изгласаа буџетот за 2016 година. Станува збор за досега најголем буџет, кој тежи 3,2 милијарди евра. Опозицијата гласаше против, бидејќи, како што пратениците повеќепати истакнаа за време на петдневната дискусија, овој буџет е расипнички, недомаќински, нереален, неразвоен, нетранспарентен. Буџет, кој, според нив, ќе ги зголеми сиромаштијата, задолжувањето...

Дескоска: Генерации се задолжени за сметка на луксузот на власта

Во расправата за предлог-буџетот за 2016 година, која сè уште трае во Собранието, преовладуваат политичките конфронтации меѓу пратениците. Тие од опозицијата укажуваат на непродуктивноста и на нетранспарентноста при трошењето на парите на граѓаните, како и на преголемото задолжување, кое со еврообврзницата може да достигне и до 50 проценти од БДП. Пратениците од владејачката партија, пак, ги бранат политиките на партијата и тоа што досега го сториле...

Грција ќе ја избегне рецесијата годинава

Владата во Атина соопшти дека Грција ќе ја избегне очекуваната рецесија годинава и дека ќе претрпи само мало забавување на економијата во 2016 година. Владата денеска го достави предлог-буџетот за 2016 година до парламентот, предвидувајќи нулта пораст на домашниот бруто-производ за оваа и пад од 0,7 отсто за следната година. Преговорите за третиот пакет помош за Атина ја доведоа земјата пред финансиски колапс...

„Б“ како Буџет 2016 или како „Бушава азбука“

Денеска е во тек петтата расправа за дополнителниот предлог-буџет во Собранието, при што се очекува тој, најдоцна до полноќ, да биде изгласан. И покрај тоа што се носи најважниот стратегиски документ од кој зависи остварувањето на економските политики, планираниот проектиран економски пораст, како тема на дискусија меѓу пратениците се најдоа и Итар Пејо, Ченто и „Бушава азбука“. Пратениците од владејачката партија се...

Беџети: Расправата за буџетот е само еден лош театар

Денеска е во тек третата собраниска расправа за дополнителниот предлог-буџет, на која пратениците меѓу себе се расправаат за тоа што направила власта, а што опозицијата, а најмалку дебатираат за ставките во буџетот што ги засегаат граѓаните и од кои зависи економскиот просперитет на државата. Пратениците од собраниските говорници признаа дека јавноста е сведок на лош театар. Опозицијата ја обвинува власта дека...

Стојановски: Целта на буџетот е да се купи глас повеќе за предвремените избори

На денешната седница во Собранието, на која продолжи расправата за дополнителниот предлог-буџет, владејачката партија ја обвини опозицијата дека создала вештачка политичка криза, која е причина за послабите проекции за економијата. Но, и покрај тоа, како што порача пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска, се најавуваат нови странски инвестиции. - Буџетот за 2016 година е комбинација на развојна и на социјална компонента....

Тунтев: Реалноста надвор од буџетот е дека народот сè потешко живее

На втората расправа за предлог-буџетот во Собранието, пратениците дискутираа, повеќе политички, во однос на остварувањата на оваа власт и за забелешките од опозицијата, отколку за ставките во буџетот и што тој значи за граѓаните за следната година. Пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев, зборуваше за бројките надвор од буџетот и за тоа што тие, според него, значат во реалниот живот, во последните...

Денеска продолжува седницата за буџетот

Расправата за буџетот продолжува и денеска во Собранието. Опозицијата нема да даде поддршка за него бидејќи, како што истакна Марјанчо Николов, буџетот е расипнички, недомаќински, нереален и неразвоен и, според пратеникот на опозицискиот СДСМ, со него секој од нас е задолжен со нови 150 евра. Министерот за финансии, Зоран Ставрески, истакна дека во буџетот има развојна и социјална компонента и очекува следната...

Николов: Со буџетот за 2016 година, секој од нас е задолжен за 150 евра

Марјанчо Николов од опозицискиот СДСМ, на собраниската расправа за предлог-буџетот, истакна дека опозицијата нема да го поддржи буџетот за 2016 година бидејќи е расипнички, недомаќински, нереален и неразвоен. За историски највисокиот буџет од 3,2 милијарди евра, Николов додаде дека е нетранспарентен и не се знае каде Владата ќе ги потроши парите. - Овој буџет е наменет за тажна сегашност и...

Ставрески го образложи предлог-буџетот за 2016 година пред пратениците

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, го образложи предлог-буџетот за 2016 година пред пратениците на Собранието. Тој очекува следната година да има повисок степен на политичка стабилност, со што ќе се создаде подобра клима за стопанството, за реализација на инвестиците и за граѓаните полесно да ги носат потрошувачките одлуки. Ставрески, како што појасни пред пратениците, очекува и реален пораст на домашниот бруто-производ...

МТВ од денеска нема да емитува владини реклами

„Македонската радио-телевизија“ го прекинува објавувањето владини реклами и кампањи финансирани од буџетот на Република Македонија, дознава „Мета“. Според наши извори, вработените на МТВ пред еден час добиле наредба да не пуштаат владини реклами во временските интервали што досега биле предвидени за тоа. Оваа одлука на МТВ стигнува по соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми објавено вчера, во кое таа ги...

Приливот врз основа на ДДВ бележи годишно намалување

Во периодот од јануари до август 2015 година, во буџетот беа остварени вкупни буџетски приходи од 18,8 проценти, што е повисоко ниво на остварени приходи во споредба со истиот период од претходната година, 17,5 проценти од БДП. Анализирано на номинална основа, буџетските приходи во овој период се повисоки за 13,4 проценти на годишна основа, што главно произлегува од повисоките остварувања кај данокот на добивка. - Исто така, се забележува годишен пораст и...

Расправата за буџетот во Собранието закажана за 16 ноември

Расправата за буџетот е закажана за 16 ноември во 12 часот. - Владата го достави дополнетиот предлог за буџетот за 2016 година до Собранието на Република Македонија. Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, свика нова пленарна седница за 16 ноември во 12 часот - соопштија од кабинетот на претседателот на парламентот.

Буџетот на Јанева мазно помина низ собраниските комисии

Собраниската комисија за финансирање и за буџет без расправа и за само неколку минути го изгласа и го пушти во понатамошна постапка предлог-буџетот за работа на специјалната обвинителка Катица Јанева. Предлог-буџетот беше единствена точка на дневниот ред на 66. седница на комисијата, а го образложи министерот за финансии, Зоран Стеврески. Со него се предвидува Специјалното обвинителство да добие околу 63 милиони денари, односно...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...