Буџетот на Општина Штип изнесува рекордни 916 милиони денари

-

Буџетот на Општина Штип за 2016 година изнесува 916 милиони денари и е зголемен за 21 процент во однос на 2015 година, беше речено на денешната јавна презентација. Најголем дел од средствата за капитални проекти ќе бидат потрошени за улици и за патишта, но и за враќање на кредитот кон Светската банка за изградба на платформите во реката Отиња.

Иако градоначалникот е предалагач на буџетот, најзначајниот општински документ го образложи раководителот на секторот за финасии, Трајче Цветков.

Цветков рече дека на плати ќе бидат потрошени само 17 проценти од буџетот.

– Проектираниот буџет е малку поголем во однос на претходната година во делот на капиталните инвестиции. Вкупното учество на капиталните инвестиции е 39 отсто, што, секако, претставува голем процент во однос на целиот буџет – рече Цветков.

На јавната расправа што ја организираше Општината Штип, имаше скромно учество на неколку граѓански активисти и на претставници на урбаните и на месните заедници.

Граѓаните се интесираа за доградба на повеќе улици, станбената зграда за Ромите во која привремено се сместени, како и за наменските средства за невладиниот сектор.

Оваа 2015 година не е потрошен ниту денар за граѓанските организации, иако биле предвидени 700.000 денари. Од Општината рекоа дека немало ниту една апликација од невладините организации. Граѓанските активисти реагираа дека последните години овие пари постојано се пренаменуваат.

– Се доделуваат многу малку средства од трасферите за невладини организации. Прво и основно, за Општината да има квалитетен и стабилен граѓански сектор е да добие средства од општинскиот буџет. Општината во планирањето има таква ставка, но најчесто се случува да ја премамени таа ставка – рече Зоран Иванов од Фондацијата за развој на заедницата.

На јавната расправа за буџетот беа презентирани проектите на двете јавни претпријатија – „Исар“ и „Штип проект“. Буџетот ќе се најде на усвојување на последната седница на Советот од оваа година.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...