fbpx

Град Скопје: Во буџетот има предвидено средства за изградба на луна-парк

-

Градот Скопје реагира на, како што наведуваат во соопштението, „невистините кои беа изнесени во денешното соопштение на СДСМ околу изградбата на новиот луна-парк во Скопје.“

– Градот Скопје изминативе години работи на реализација на овој капитален проект, за кој досега имаше поголем број обиди да биде реализиран по пат на јавно-приватно партнерство, а во согласност со новата стратегија, истиот ќе се реализира етапно со сопствени буџетски средства. Во моментов се работи на избор на идејните решенија, по што ќе се работи на изведбени проекти, за, на крај, да се пристапи на реализација на овој проект – се вели во соопштението на Град Скопје.

Тие понатаму додадават дека „апсолутна лага е дека во буџетот на Град Скопје нема предвидено средства за реализацијата на овој проект“.

– Напротив, покрај во буџетот за 2015 година, средства се предвидени и во развојните компоненти и во планските буџети за 2016 и за 2017 година. Ова се податоци кои се јавно достапни на јавноста и истите лесно можат да се потврдат – се вели во соопштението на Град Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...