fbpx

Николов: СДСМ ќе го полни буџетот од богатите

-

Државниот буџет ќе се полни од побогатите, бидејќи СДСМ планира да направи скалест данок, во зависност од тоа колку некој е богат, рече пратеникот Марјанчо Николов, при гостувањето во „Канал 77“.

Николов не кажа други детали од економската програма, на која, како што рече, се работи, но генерално предвидува намалување на сите непродуктивни трошоци. Пензиите, кои се 50,8 отсто од социјалните трансфери од буџетот, според Николов, ќе се зголемуваат така како што е предвидено со закон, односно две усогласувања со трошоците за живот во текот на годината.

Комплетната програма треба да биде готова до средината на октомври, по што ќе следи партискиот конгрес. Начелно, конгресот би се одржал околу 20 октомври, изјави Марјанчо Николов за „Канал 77“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...