СЗО го опиша аспартамот како можен причинител за рак

Заедничкиoт стручен комитет на ФАО/СЗО за адитиви во храната (JECFA) JECFA, смета дека аспартамот е сигурен за консумација во рамки на дневно прифатените граници. На пример, возрасна личност тешка 60 килограми, за да биде во опасност, на дневно треба да испие меѓу 12 и 36 лименки диетални пијалоци (зависно од количините на аспартам во секоја од нив)

-

Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC), Светската здравствена организација (СЗО) и Заедничкиот експертски комитет на ФАО/СЗО за адитиви во храната (JECFA), објавија проценка на влијанието на здравјето на засладувачот аспартам. Аспартамот кој се користи во низа производи, од диетални газирани пијалоци, до гуми за џвакање, овој месец ќе биде прв пат опишан како „можен канцероген за луѓето“, пренесе „Н1“.

Повикувајќи се на „ограничени докази“ за канцерогеноста кај луѓето, Меѓународната агенција за истражување на ракот го класифицираше аспартамот како можно канцероген за луѓето, a Заедничкиoт стручен комитет на ФАО/СЗО за адитиви во храната (JECFA), потврди дека прифатлив дневен внес од 40мг на килограм телесна тежина.

Меѓународната агенција за истражување на ракот, чиј заклучок е финализиран овој месец, по состаноците и со надворешни експерти, има за цел да процени дали нешто е потенцијална опасност или не, на основа на сите објавени докази. Тие не се бават со тоа колкава количина од производот човекот може безбедно да ја консумира. Таква препорака даваат друг стручен одбор на СЗО за прехранбени адитиви, познат како JECFА. Слични заклучоци на Меѓународната агенција за истражување на ракот, во минатото за различни материи, предизвикаа загриженост меѓу потрошувачите во поглед на нивната консумација, a доведоа i до тужби и извршија притисок на производителите да ги преиспитаат рецептите и да ги заменат со други алтернативи.

Тоа доведе до критика дека Меѓународната агенција за истражување на ракот може да ја збуни јавноста.

Инаку, Заедничкиoт стручен комитет на ФАО/СЗО за адитиви во храната (JECFA) JECFA, смета дека аспартамот е сигурен за консумација во рамки на дневно прифатените граници. На пример, возрасна личност тешка 60 килограми, за да биде во опасност, дневно треба да испие меѓу 12 и 36 лименки диетални пијалоци (зависно од количините на аспартам во секоја од нив).

Насер Зибери: Во затворот „Идризово“ 1.200 затвореници ги лечи само еден општ лекар и две медицински сестри

Состојбата на една земја најдобро може да се види врз основа на тоа какви повреди на правата регистрира официјалниот бранител. Ова го вели народниот правобранител на Северна Македонија, Насер Зибери, во...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Насер Зибери: Во затворот „Идризово“ 1.200 затвореници ги лечи само еден општ лекар и две медицински сестри

Состојбата на една земја најдобро може да се види врз основа на тоа какви повреди на правата регистрира официјалниот бранител. Ова го вели народниот правобранител на Северна Македонија, Насер...