fbpx

Светска банка одобри заем од 83 милиони евра за надградба на патиштата

-

Одборот на директори при Светска банка одобри заем од 83 милиони евра за проектот за надградба и развој на патиштата во Македонија, соопштуваат од Светска банка.

Проектот има цел да ја подобри транспортната поврзаност за корисниците на патиштата долж Коридорот 8 помеѓу Скопје и Деве Баир, како и да го подобри управувањето со средства и планирањето на Јавното претпријатие за државни патишта.

Подобрените транспортни врски ќе придонесат за повисок животен стандард за граѓаните, преку обезбедување посигурен, поевтин и посигурен пристап до дригите јавни услуги. Проектот, исто така, ќе има позитивно влијание врз општините кои се во близина на новиот и на постојниот пат, преку поттикнување на економската активност во регионот и обезбедување подобар пристап до социјалните и до економските услуги.

– Инвестициите во транспортната инфраструктура се клучни за развојот на Македонија. Како континентална земја, државата има потреба од инвестиции во транспортната инфраструктура за да обезбеди подобра поврзаност со регионалните пазари и да стане попривлечна дестинација за инвеститорите. Подобри патишта, исто така, се клучни за локалната конкурентност и за развојот на туризмот  – вели Елен Голдстин, директор за регионот на Југоисточна Европа при Светска банка.

Преку главната компонента на проектот, во износ од 78 милиони евра, ќе се финансира изградба на нов, поширок пат со две ленти помеѓу Ранковце и Крива Паланка, во должина од 26,64 километри. Дизајнот на патот ќе ја земе предвид безбедноста на патиштата. Изградбата ќе трае три години и се очекува патот да биде отворен за сообраќај кон крајот на 2019 година.

Подобрената источна секција од патот на Коридорот 8 ќе придонесе за зајакнување на интеграцијата на земјата во регионот и во ЕУ и, исто така, ќе го олесни пристапот до нови пазари.

Подобрениот пристап до границата со Бугарија ќе има позитивно влијание врз трошоците за логистика и, исто така, ќе придонесе за подобра и за посигурна поврзаност, ќе ја подобри мобилноста на населението и прекугранична интеракција долж коридорот.

Ова е трет транспортен проект за патишта кој Светска банка го финансира во Македонија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...