„Балкан инсајт“: Србија продала оружја вредни 23 милиони евра на Израел

„Балкан инсајт“ открива дека само во јули Србија продала оружја вредни над седум милиони евра на Израел, и покрај тоа што во меѓународната заедница се смета дека постои можност некои од тие оружја да се користат во воени злосторства против цивилното население на Газа

-

Србија продала оружја вредни 23,1 милиони евра на Израел во текот на 2024 година и покрај тоа што во меѓународната заедница се смета дека постои можност некои од тие оружја биле искористени во воени злосторства против цивилното население на Газа, открива „Балкан инсајт“.

БИРН дополнително откри дека само во јули 2024 година Србија продала оружја вредни над седум милиони евра на Израел, според информациите на веб-сајт кои собира информации за финансиски трансакции во Србија.

Исто во јули, користејќи отворени податоци, „Балкан инсајт“ идентификувал пет воени летала кои полетале од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и слетале во израелската воздушна база „Неватим“. „Балкан инсајт“ претходно идентификувал шест летови со воени летала меѓу двете локации.

Забележани се најмалку 15 од Белград и Ниш до Израел од декември 2023 година до „Неватим“.

Српската влада сè уште ја нема коментирано продажбата на оружја. Министерството за трговија на Србија не одговори на барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од БИРН. Во барањето се барало да се прецизира кога се издадени дозволите за извоз и каков вид оружје е испорачано. Министерството рекле дека информациите биле „строго доверливи“.

Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ во интервју за „Џерусалим пост“ одби да ги коментира наодите на БИРН, ниту пак кажа дали пратките со оружје претставуваат официјална државна политика.

Сета продажба на оружје на Израел оваа година се случила откако Меѓународниот суд на правдата, највисокиот суд на ОН, на 26 јануари му нареди на Израел да ги спречи своите сили да вршат или поттикнуваат геноцидни чинови врз Палестинците. Пресудата беше одговор на случајот за геноцид, покренат од Јужна Африка. Сепак, може да поминат години пред да се донесе конечната одлука за тоа дали Израел навистина извршил геноцид во Газа.

„Незамисливата состојба во Газа воглавно е последица на тоа што Израелските одбранбени сили не се придржуваат на правилата за војна. Во просек, околу 130 лица се убиени секој ден во Газа во последните 10 месеци. Обемот на уништувањето на домови, болници, училишта и храмови од страна на израелската војска е длабоко вознемирувачки“, изјави Волкер Турк, Високиот комесар за човекови права на ОН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...