Работник на ОН во Западен Брег застрелан од израелски снајперист

Ова е прв пат по повеќе од десет години работник од УНРВА да биде убиен во Западниот брег. Убиството доаѓа само три дена откако шест работници од организацијата беа меѓу жртвите на воздушен напад врз училиште во Газа

-

Снајперист од израелската војска убил хуманитарен работник од Агенцијата за палестински бегалци на Обединетите Нации (УНРВА) во Западниот Брег, пренесува Гардијан.

Суфјан Џабер Абед Џавад бил на кровот на својот дом кога бил убиен. Имал жена и пет деца.

Ова е прв пат по повеќе од десет години работник од УНРВА да биде убиен во Западниот брег. Убиството доаѓа само три дена откако шест работници од организацијата беа меѓу жртвите на воздушен напад врз училиште во Газа.

Иако повеќе внимание се обрнува на како на конфликтот во Газа, состојбата во Западниот Брег изминатите недели станува сè позагрижувачка. Обемот на напади на израелските сили е „без преседан“, велат од УНРВА.

„Цивилната инфраструктура, вклучително и водоводот и мрежата за електрична енергија, се уништени. Локалните населенија немаат редовен пристап до основните намирници. УНРВА беше принудена да ги прекине услугите за бегалците поради неприфатливиот ризик за своите работници“, вели УНРВА во соопштение во врска со убиството.

Светските медиуми обрнаа повеќе внимание на насилството во Западниот Брег откако турско-американска активистка беше убиена на демонстрација. Истражување од Вашингтон пост откри дека протестите завршиле половина час пред Ајшенур Езги Ејги да биде застрелана; односно, таа не можела да претставува директна закана.

Бегалските кампови на северниот дел на Западниот Брег, каде што беше убиен работникот на УНРВА, Џавад, беа мета на израелски воени операции во изминатите недела.

Израелската војска соопшти дека Џавад бил убиен од снајпер за време на операција во кампот. Се вели дека тој фрлал „експлозивни направи“ врз војниците од неговиот дом. Израел нема приложени докази за да го поткрепи ова тврдење.

УНРВА редовно доставува списоци на израелската влада од сите членови на вработените во Газа и на Западниот Бре. УНРВА не била информирана за какви било сомнителни активности на Џавад пред да биде убиен. УНРВА дознала за израелското тврдење од објавите на израелската војска на социјалната мрежа Х.

Израел редовно тврди дека во УНРВА има членови на терористички организации. Но, независно истражување, предводено од поранешната француска министерка за надворешни работи Катрин Колона, покажа дека Израел сè уште нема приложено соодветни докази за да го поткрепи тоа тврдење.

Конкурс за краток хорор расказ на македонски јазик за „Ноќта на вештерките“

Во пресрет на празникот „Halloween“ или „Ноќта на вештерките“, кој традиционално во западните земји се одбележува на 31 октомври, Новинската агенција „Мета.мк“, во соработка со Книжевниот центар „Антолог“, објавува...