Србија нема „неколку илјади пати“ пониска стапка на смртност од Ковид-19 од земјите во Европа

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до Грција на југ.

Српскиот сервис за проверка на фактите istinomer.rs го анализираше настапот на војводинскиот покраински секретар за здравство за стапката на морталитет во Србија. Зоран Гојковиќ, кој е член на српскиот Кризен штаб за субивање на заразната болест Ковид-19, во гостување во емисијата „Прави угао“ (Правиот агол) на Радио-телевизија Војводина, истакнал дека кога ќе се земе предвид вистинскиот број на починати од корона вирусот, Србија има еден од најдобрите резултати во Европа, односно „неколку илјадници проценти помалку од земјите на ЕУ“.

Istinomer.rs, потсетувајќи дека стапката на морталитет изнесува број на умрени на 100.000 луѓе, вели дека епидемиолозите од српскиот Кризен штаб во средината на април соопштија дека според американсиот универзитет „Џонс Хопкинс“ (по кои се воделе, наводно, експертите за јавно здравје и заразни болеста), тогаш покажувал дека Србија има втора најниска стапка на смртност од новиот корона вирус во споредба со земјите од соседството, а подобра била само Црна Гора.

Но во меѓувреме се случиле многу работи и во Србија стапката на смртностост изнесува 3,41, а има уште 10 земји од ЕУ што постигнале пониска стапка на смртност, односно Чешка, Полска, Хрватска, Литванија, Бугарија, Грција, Кипар, Малта, Летонија и Словачка, па точно е дека во Србија има пониска стпка на смртност отколку во поголем дел од земјите на ЕУ, но тоа сепак не е „повеќе илјади отсто“, како што тврди војводинскиот секретар за здравство Зоран Гојковиќ, односно тој сега не кажува вистина, проценува istinomer.rs.

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...