fbpx

Здружение ЕСЕ: Жените се најчести жртви на семејно насилство, сторителите не се казнуваат соодветно

-

Жените се најчестите жртви на семејното насилство. Ова го потврдуват податоците од извештајот од судското набљудување на кривични и граѓански предмети за семејно насилство кое го спроведе Здружението ЕСЕ. Процесот на судското набљудување е реализиран во периодот од март 2018 до февруари 2019 година и тоа во основните судови: Скопје 1, Скопје 2, Битола, Куманово, Велес, Тетово, Прилеп и Радовиш.

Според резултатите од следењето на судските процеси дури 83% од жртвите или оштетените во кривичните постапки се жени, додека само 17% од жртвите се мажи. Од друга страна, 89% од сторителите на кривични дела поврзани со семејното насилство се мажи, додека жени сторители се само 11 проценти.

Во однос на возраста, повеќе од половина (54%) од жртвите се на возраст од 31 до 50 години. Подеднакво се застапени жртвите на возраст од 18 до 30 и од 51 до 60 години.

„Од особено значење е да се нагласи дека главна причина за појавата и опстојувањето на семејното насилство е прифатеноста на традиционалните патријархални сфаќања и поделбата на улогите помеѓу жената и мажот во општеството и во семејството“, се вели во извештајот на ЕСЕ.

Оттаму посочуваат дека загрижува неказнувањето на одделни форми на психолошко и сексуално насилство како форми на семејно насилство. Како што велат од Здружението, потребно е државата да организира едукација на полицијата и на јавните обвинители, со цел да станат чувствителни и да ги препознаваат одделните кривични дела во кои се манифестира семејно насилство.

Еден од заклучоците од судските процеси е дека постои ревиктимизација на жртвите во текот на постапката, како и тоа дека не се изрекуваат законски предвидените казни за сторителите на семејното насилство.

„Загрижувачки е тоа што во практиката насилниците остануваат неказнети. Од вкупно 66 предмети во кои е донесена пресуда, само во 10 предмети е изречена казна затвор. Условна осуда е изречена во дури 43 предмети. Судот донел и три ослободителни и 9 одбивателни пресуди“, се потенцира во извештајот.

Од ЕСЕ посочуваат и на фактот дека во електронскиот систем за раководење со предметите во судовите (АКМИС) нема посебна евиденција за предметите на семејно насилство, поради што Министерството за правда треба да внесе посебна евиденција за овие предмети во електронскиот систем во судовите и да се обезбедат јавно достапни податоци за граѓанските и за кривичните предмети за семејно насилство од страна на основните судови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...