fbpx

Србија ќе побара заседавање на Советот за безбедност на ОН поради законот за Трепча

-

Директорот на канцеларијата за Косово на владата на Србија, Марко Ѓуриќ, денеска изјавил дека не го признава законот за Трепча, кој синоќа го усвои собранието на Косово, и дека ќе предложи српската влада итно да побара заседавање на Советот за безбедност на ОН, поради кршење на Резолуцијата 1244.

Имено, законот за Трепча предвидува овој рударско-металуршки комбинат да стане акционерско друштво во кој косовската влада би имала 80 отсто од акциите, а 20 отсто од акциите би им припаѓале на работниците и на другите акционери.

На вонредна прес-конференција за новинарите, Ѓуриќ соопштил дека станува збор за обид да се заврши етничкото чистење, бидејќи Трепча е темелот на српското постоење на северот на Косово.

– Трепча ја изградија и ја одржаа голем број генерации Срби и тие што таму работеа. Тој што удира по Трепча ја прекршува и Резолуцијата 1244, бидејќи во неа експлицитно се спомнува Трепча и правото на работа – изјавил Ѓуриќ.

Тој истакнал дека одлуката која косовското собрание ја донела за Трепча е неважечка и од неа не произлегуваат никакви правни дејства ниту последици, а како неприфатливо го оценил молчењето на институциите на ЕУ.

Според Ѓуриќ, законот бил усвоен со игнорирање на волјата на српските претставници и институции на Косово, со што бил поништен коалицискиот договор, врз основа на кој српските претставници учествувале во заедничките институции.

Владата на Србија на оваа тема ќе расправа в понеделник.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...