fbpx

Спасовски: Секој има право на протест, но без насилство

-

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на прес-конференција апелираше протестите да бидат мирни и ненасилни. Спасовски рече дека секој има право на протест, но како што доликува во демократскиот свет, да нема насилство врз полицијата и уништување на приватен имот.

Спасовски замоли граѓаните на полицијата да гледаат како партнер и на некој кој е тука да ги штити. Тој рече дека не смее да има прекумерна употреба на сила од полицијата. Одговарајќи на новинарско прашање, министерот рече дека никакви пропусти не се направени во раководењето на вчерашните протести.

– Работа на полицијата е да го обезбеди јавниот ред и мир. Полицијата цело време беше присутна, но тие се селеа заедно со демонстрантите од место на место. На внатрешна контрола на СВР Скопје им е дадена задача да испитаат дали на протестите имало прекумерна употреба на сила од страна на полицијата – рече Спасовски.

Тој одговори дека на вчерашните протести имало 13 приведени. Исто така, Спасовски рече дека на вчерашниот протест наредби давале тие што биле задолжени да даваат наредби.

Министерот додаде дека напишал нови решенија откако Владата претходните ги прогласи за неважечки. Тој апелираше до новинарите на протестите да бидат видно обележани за полицијата да може да ги разликува од толпата. Министерот за внатрешни работи апелираше и до организаторите на протестот да ги најавуваат и да ги пријавуваат протестите.

Тој рече дека тоа не е задолжително за спонтани собири, но дека е пожелно да се направи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...