Нема минимални услови за веродостојни избори, порачаа граѓанските организации

-

Група граѓански организации денеска на амбасадорот на САД, Џес Бејли, и на евроамбасадорот Аиво Орав му го предадоа третото писмо во кое посочуваат дека не се исполнети ни минимални услови за веродостојни избори. Тие во 18 часот ќе одржат протест пред Собранието со барање за одложување на изборите, кои треба да се одржат на 5 јуни.

– Не е доволен само извесен прогрес во изборните реформи за да се создадат услови за надминување на политичката криза, туку е потребен и значителен прогрес во реформите и во другите сфери, владеењето на правото и фундаменталните права, деполитизирањето на јавната администрација и слободата на изразувањето. Се забележува сериозно назадување во владеењето на правото и поделбата на власта, изразена преку политичко самоволие и узурпација на законодавната и на судската власт од извршната власт. Едностраната одлука за распуштање на Собранието со одложено дејство е неуставен чин, кој во исто време е и спротивен на принципите на консензус утврдени во Договорот од Пржино – вели Андреја Стојковски од „Македонски центар за европско образование“.

Невладините организации ја осудија одлуката на Иванов да ги помилува сите политичари од судски процеси, побараа негова оставка, итно свикување на Собранието и одложување на изборите.

– Сметаме дека е неопходно итно повлекување на оваа одлука и поднесување оставка од претседателот Ѓорге Иванов. Очекуваме повторно свикување на Собранието и негова одлука за одложување на изборите на 5 јуни на неопределено време и ангажман за составување преодна влада која ќе ги спроведе потребните реформи – рече аналитичарот Рамадан Рамадани.

Доколку не бидат исполнети условите за слободни, фер и демократски избори, граѓанските организации најавија бојкот на изборите доколку бидат распишани на 5 јуни и ќе повикаат на протести против, како што велат, режимот кој ги гази човековите права.

Maкедонија стана дел од Програмата на ЕУ „Граѓани, еднаквост права и вредности“

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на Република Северна Македонија во Програмата на Европската Унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани,...

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот...

Maкедонија стана дел од Програмата на ЕУ „Граѓани, еднаквост права и вредности“

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на Република Северна Македонија во Програмата на Европската Унија „Граѓани, еднаквост, права...