fbpx

Совет на ЕУ: Сериозна загриженост за ситуацијата и за кризата во Македонија

-

Реафирмирајќи ги своите заклучоци во однос на поранешната југословенска Република Македонија од декември 2014 година и од април 2015 година, за посветеноста на ЕУ на Солунската агенда и за кандидатскиот статус на поранешната југословенска Република Македонија, Советот ја повторува својата загриженост за ситуацијата во земјата, особено за тековната политичка криза, се вели во нацрт-заклучоците за Македонија кои треба да бидат прифатени од Советот за општи работи на ЕУ утре во Луксембург, објавува „Радио Слободна Европа“.

„Советот позитивно ги регистрира последните напори на партиските лидери да бараат и да постигнат решенија и во овој контекст го поздрави олеснувањето на комесарот Хан, како и на членовите на Европскиот парламент.

Советот, како значаен прв чекор во решавањето на политичката криза го нотира договорот од 2 јуни 2015 година, постигнат во Скопје. Овој договор ги утврдува обврските на лидерите на најголемите политички партии за справување со сериозната загриженост за владеењето на правото, како и посветеноста на процесот на пристапување кон ЕУ и на демократските принципи на земјата, вклучувајќи го и одржувањето добри меѓуетнички односи преку целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор, како и со зајакнување на добрососедските односи.

Советот го смета договорот од 2 јуни како основа за идните дискусии. Советот ги повика политичките партии во интерес на граѓаните и на земјата да ја преземат одговорноста, како и итни мерки за постигнување одржливо решение и конструктивно да продолжи политичкиот дијалог, како и напорите за да се врати довербата во институциите.

Советот ги повика на примена на сите препораки на Комисијата, почнувајќи со приоритетите за итна реформа, во однос на владеењето на правото што произлегува од актуелната криза, вклучително прекршувањето на фундаменталните права, судството, слободата на медиумите, изборите, корупцијата, политизацијата на државните институции и мешањето држава-партија и замаглувањето на надзорот.

Примената на овие препораки ќе бидат внимателно следени од Комисијата. Изборните реформи во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР се итно потребени и ќе придонесат за обезбедување еднаквост пред идните избори, и нивно слободно и фер спроведување што ќе биде важен индикатор на реформите во овој поглед. Згора на тоа, потребно е да се обезбеди што е можно поскоро темелна и независна истрага за материјалите што откриваат какви било кривични престапи, со целосна почит кон самиот процес, принципот на независност на судството и презумцијата на невиност.

Советот на седница на Советот за стабилизација и асоцијација во јули ќе очекува детални извештаи за конкретни преземени акции предвидени во следните месеци.

Истакнувајќи ја потребата на поранешната југословенска Република Македонија да направи видлив напредок кон исполнување на приоритетите за итни реформа, а во согласност и со заклучоците од 16 декември 2014 година и со оние од 21 април 2015 година, Советот го потврдува ангажманот на ЕУ, вклучително и преку редовно известување од страна на Комисијата и на EEAS за, меѓу другото, приоритети за итна реформа и за европскиот напредок за процесот на пристапување во ЕУ и за ситуацијата во земјата. Советот ќе се наврати на ова прашање во следните месеци.“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...