fbpx

Кампањата „Црвен телефон“ на „Њу момент“, финалист во Кан

-

Кампањата „Црвен телефон“ на маркетинг-агенцијата „Њу момент“ изработена за ТВ „Телма“, влезе во финале на најпознатиот фестивал за рекламни кампањи во Кан. Со ова, таа е потенцијален добитник на една од престижните награди на овој фестивал „Лав“ (титаниумски, златен, сребрен и бронзен).

Во официјалното објаснување на фестивалот, стои дека кампањата е со цел зачувување на слободата во новинарството, а се дава и осврт на случувањата во последните години, исфрлувањето на новинарите од Собранието, протестот за ослободување на Томислав Кежаровски, со акцент на мешањето на сите политички партии во оваа професија.

Во рамките на овој интернационален фестивал на креативноста, учествуваат повеќе од 34.000 креативци, натпреварувајќи се во различни категории.

„Њу момент“ освои „Титаниумски лав“ во 2013 година и стана прва агенција од овој регион со ваква награда, за видеоспот што беше изработен за Владата и со него се промовираше мир и разбирање меѓу муслиманите и христијаните преку заедничка молитва.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...