fbpx

Состанок на еврогрупата за грчките финансиски проблеми на 9 мај

-

Европските министри за финансии, на 9 мај ќе одлучуваат околу новиот грчки финансиски проблем. Претседателот на еврогрупата, Јерун Дајселблум, доцна ноќеска го извести грчкиот министер за финансии, Евклидис Цакалотос, дека европските министри за финансии ќе имаат состанок за Грција следниот понеделник.

На овој состанок, кој првично требаше да се одржи вчера, ќе се разговара за новата затегнатост во преговорите меѓу Грција и ММФ, околу барањето грчката влада да усвои дополнителен пакет мерки од 3,6 милијарди евра, кои би се примениле доколку Грција до 2018 година не ги исполни договорените цели.

Ова барање на ММФ предизвика сопка во преговорите и резултираше со нивно прекинување токму во моментите кога се очекуваше дека Грција и кредиторите ќе постигнат конечен договор, кој требаше да доведе до исплаќање на дел од грчкиот кредит.

Во Грција се оценува дека владата се надева еврогрупата да издејствува барем поблаги мерки, во корист на грчката држава. Грчката влада се очекува да излезе со објаснувањето дека овие мерки не се дел од пакетот кој беше договорен со кредиторите минатиот јуни и дека притисокот за нивно прифаќање ќе предизвика нови политички турбуленции во државата.

Премиерот Алексис Ципрас е оптимист дека преговорите ќе завршат во корист на Грција.

Според информациите, Ципрас во разговор со блиски соработници истакнал дека наскоро ќе има позитивен исход од разговорите, коментирајќи дека позицијата на Грција во ЕУ е стабилна. Ципрас бил дециден дека нема да се повтори ланското сценарио кое ја фрли Грција во длабока политичка и уште подлабока финансиска криза и ја донесе на раб на исклучување од еврозоната.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...