Сообраќајот на патниот правец А3, односно Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница кај Битола, и понатаму е во прекин поради свлечиште. Сообраќајот се пренасочува преку градот Битола, информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по на места влажни коловози, а снег со слаб интензитет провејува во Битола, Ресен и на планинските превои Буково и Ѓавато.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Патниот правец Скопје – Македонски Брод преку природниот резерват Јасен и понатаму е непрооден.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На македонската страна на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава.

Од АМСМ препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.