Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб, а долж Поварадарието и источните делови, повремено умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 7 до 1 Целзиусов степен, а дневната од 5 до 12 степени.
Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до минус 4 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 7 степени.
Утрово, најстудено беше во Берово со измерени минус 8 Целзиусови степени.