среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: студено | 129 резултати

Променливо облачно време со ветер и повремен снег

12 февруари 2019

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и постудено, со повремен локален снеr, особено на запад и претежно претпладне. Ќе дува засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието. Дневната температура ќе изнесува од 0 до 9 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура ќе се искачи до 5 […]

Времето денеска претежно облачно, со температури до 10 степени

18 јануари 2019

Времето денеска ќе биде претежно облачно, по котлините магливо. Во југозападните делови ќе има слаб локален дожд, во Пелагонија со услови за замрзнат дожд. Ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 10 Целзиуссови степени. Во Скопје времето претежно облачно со слаб јужен ветер. Температурата ќе достигне до 3 […]

Сончево и студено со умерен ветер

17 јануари 2019

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 9 Целзиусови степени, соопшти УХМР. Во Скопје денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до […]

Сончево и многу студено време

15 јануари 2019

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер најизразен долж Повардарието и на исток. Во североисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од снег. Утринската температура ќе се движи од минус 10 до нулата, а дневната температура од минус четири до четири […]

Цела држава под минусни температури, најстудено во Берово, Битола, Маврово

8 јануари 2019

Температурите низ државата секаде се под нулата.. Според прогнозата на УХМР, студеното време и минусните температури ќе продолжат и во текот на денов. Минус 21 Целзиусов степен се измерени утринава во Берово, минус 20 во Битола, минус 18 во Маврово, а минус 17 во Струмица. На планините е формирана снежна покривка која е највисока во […]

Студено време со минусни температури и северен ветер

4 јануари 2019

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен северен ветер. Во повеќе места повремено ќе провејува снег, а во јужните делови врнежите ќе бидат со слаб до  умерен интензитет. Максималната температура ќе биде во интервал од минус шест до еден Целзиусов степен. Во Скопје, претежно облачно со услови за провејување на снег. […]

Стабилно и суво време за новогодишната ноќ, со локални слаби врнежи од снег

31 декември 2018

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени слаби локални проврнувања од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините. Во новогодишната ноќ ќе преовладува претежно стабилно и суво време, локално се можни слаби проврнувања од снег, особено на планините. Максималната температура […]

Претпладне магливо и облачно, попладне дожд и снег

24 декември 2018

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од снег на планините и дожд на пониските места. Кон крајот на денот и преку ноќта врнежите ќе преминат во снег и во некои пониски места. Се очекува наместа, особено во западните делови да се формира нова […]

Облачно време со услови за врнежи на замрзнат дожд и снег

21 декември 2018

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд и снег, а ќе има и услови за појава на замрзнат дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните и југозападните делови. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Утринската температура ќе се движи од минус еден до еден степен, а дневната […]

Студено време со снежни врнежи

17 декември 2018

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи главно од снег, освен на крајниот југоисток каде ќе бидат од дожд. Повеќе врнежи ќе има попладне во западните делови од земјава.Минималната температура ќе се движи од 9 Целзиусови степени под нулата до нула степени, додека максималните температури ќе се движат од минус […]

Студено време со северен ветер и провејување на слаб снег

11 декември 2018

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на места со провејување на слаб снег ќе дува ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус осум до еден, а дневната од минус два до шест Целзиусови степени. Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти […]

Студено утро со температурa под нулата, сончево време во текот на денот

7 декември 2018

Температури под нулата изутринава има во цела Македонија, а најниските се измерени во Берово 10 Целзиусови степени под нулата и во Скопје минус осум Целзиусови степени. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се движи од 6 до 12  Целзиусови степени. Под […]

Променливо облачно и релативно студено време

30 ноември 2018

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно студено, со намалување на облачноста во текот на денот во одредени места, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а во североисточниот дел од земјава ќе биде претежно тивко. Во доцните попладневни часови ќе има повторно зголемување на облачноста. […]

Студено време со провејување на слаб снег

29 ноември 2018

Времето денеска ќе биде студено со умерен северен ветер, а на места ќе провејува снег. Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од минус еден до пет Целзиусови степени. Во Скопје студено со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до четири Целзиусови […]

Денеска сончево со мала облачност

12 ноември 2018

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб, претежно источен ветер. Утринската температура се движеше од -3 до 4 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 14 и 22 степени. До крајот на седмицава ќе се задржи стабилно и суво време, со […]

Времето денеска со дожд, а на планините со услови за снег

22 октомври 2018

Облачно, свежо и ветровито време ќе преовладува денеска. Ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, а на повисоките планини ќе има услови за снег, вели прогнозата на УХМР. Дневните температури ќе се движат во интервал од 13 до 20 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до […]

Сончево и студено време со температура до 25 степени

28 септември 2018

Времето во Македонија ќе биде ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, особено во јужните делови каде ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната температура од 19 […]

Облачно време, попладне со пороен дожд

5 април 2018

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со повремен слаб локален дожд. Попладне на места врнежите ќе бидат поројни со грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а кон крајот на денот и во ноќните часови ќе го промени правецот во северозападен. Поинтензивни врнежите ќе бидат во ноќните часови. Утринската температура ќе се […]

Времето денеска со повремен снег

22 март 2018

Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, а во јужните делови од земјава дожд и снег, додека во крајниот југоисточен дел од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 литри на квадратен метар. Снежната покривка на планините значително ќе се зголеми. Ќе дува слаб […]

Облачно и студено време со слаб локален снег

28 февруари 2018

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаби и локални врнежи претежно од снег. Особено студено ќе биде во утринските часови. Во западните и крајните северни делови ќе провејува повремен слаб локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер. Највисоката температура преку […]

Страна 1 од 7