„Сите ние поминавме еден тежок период и сценарио од страна на СДСМ, а сега веќе сè е јасно, народот ќе каже „не“ на сценариото на Заев кое предвидува промена на уставноста, јазикот, федерализација и кантонизација на државата,“ изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот на Коалицијата за подобра Македонија вечерва од Делчево.
Тој додаде дека „секој што сака да гласа за СДСМ треба да се потсети како владееле и каков бил животот во тоа време“.
Груевски потенцираше дека гаранција за мирна држава се освоени 63 пратенички места, бидејќи, како што истакна, ДУИ и ДПА ќе сакале да го предложат следниот премиер на Владата на Македонија.