Силниот ветер во Скопје и Струмица зад себе остави оштетени кровови, фасади и автомобили

Вкупниот број на повици за итни случаи на 112 во ЦУК вчера изнесувал 1.590 – двојно повеќе од вообичаениот просек за едно деноноќие

-

Повеќе видови штети и три пожари на отворено во земјава предизвикал силниот ветар во последното деноноќие, информираше утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Вкупниот број на повици за итни случаи на 112 во ЦУК изнесувал 1.590 – двојно повеќе од вообичаениот просек за едно деноноќие, при што над 18 отсто од итните реални повици биле за комбинирано решавање преку Секторот за операции и координација.

Вчера во 14:45 часот, регионалниот ЦУК Скопје добил пријава за паднат дел од фасада и можна опасност да падне уште еден дел на улицата „Димитрие Чуповски“ во близина на Министерството за правда.

Поради силниот ветер што го зафати подрачјето на Град Скопје, во текот на денот до единствениот број за итни повици Е-112, стигнале пријави и за паднати дрвја на шест локации во градот, како и еден случај на падната канделабра, при што во четири од случаите имало пријава за оштетени автомобили.

Од ЦУК велат дека имало пријави и за оштетена куќа, оштетени покриви од куќа и оштетен покрив од зграда. Сите овие пријави од страна на РЦУК Скопје биле веднаш проследени до надлежните институции, односно општините во Град Скопје, како и до јавните претпријатија и надлежни АД во Градот, за преземање на понатамошни постапки.

Пријави за паднати лимени покриви на три локации, како и четири пријави за паднати дрвја вчера имало и во Струмица, чие подрачје било зафатено со силен ветер околу пладне.

Пожарникарите вчера интервенирале врз три пожари на отворено, а паралелно со тоа и на други урбани, велат од ЦУК.

Пожарникарите од ТППЕ Неготино еден час гаснеле запалена ниска вегетација кај „Винарија Фонко“ во месноста „На Куријски Пат“. Пожарот настанал од паднат кабел на далновод во Неготино.

Запалена ниска вегетација имало и во околината на селото Черкези, кумановско, додека во Скопје пожарникарите имале помала брза интервенција на отворено поради запалени картони кои претставувале опасност и за околината.

Премиерот Мицкоски најави ваучери од 250 евра за електронски уреди за сите студенти

Ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди за сите студенти во државата, најави премиерот Христијан Мицкоски во вечерашната отворена програма „100 дена Влада“ што се емитуваше на...