петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: штета | 50 резултати

Осигурувањето ќе исплати над 800 илјади евра за несреќата кај Ласкарци

март 4, 2019

Осигурителната компанија „Еуросиг” ќе треба да исплати отштета од над 800 илјади евра за автобуската несреќа која што се случи кај Ласкарци на 13 февруари. Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија за осигурувањето, Климе Попоски денеска на прес-конференција рече дека во овој случај најверојатно ќе биде исплатена максималната законски предвидена сума. – […]

Охриѓани ќе добијат само 15 отсто обесштетување за ланскиот земјотрес

октомври 29, 2018

Владата на РМ обезбеди повеќе од шест милиони денари за обесштетување од претрпените штети од јулскиот земјотрес во Охрид од минатата година. Со ова за обесштетување на правните и физичките лица кои пријавиле штети на располагање, општината ќе има 6.451.013 денари кои ќе бидат префрлени на посебна сметка. Со решение на градоначалникот на Општина Охрид, […]

Авиокомпаниите задолжително ќе ги осигуруваат багажот и пратките

август 7, 2018

Авионските компании ќе бидат задолжени со закон да го осигураат багажот на патниците и стварите кои ги пренесуваат, информираат од Министерство за финансии. Од таму додаваат дека со измените на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, кои ги изготви Министерството за финансии, се утврдуваат права за надомест на штета на сопствениците на багажот и на […]

Најмалку 10 луѓе загинаа во поплава предизвикана од пукање на брана во Кенија

мај 10, 2018

Најмалку десет луѓе загинаа, а илјада останаа без домови поради пукање на брана во Кенија. Несреќата која ја предизвикале обилните дождови се случила во градот Солаи, 190 километри оддалечен од претстолнината Најроби. „Водата одзеде животи и предизвика огромна штета на имотите. Обемот на штета треба да се утврди“, соопштија локалните власти. Кенискиот огранок на Црвен […]

Обвинителството се откажало од гонење на Богоевски за фрлање боја

јануари 17, 2018

Oбвинителството се откажало од кривичен прогон на пратеникот Павле Богоевски за фрлање боја врз објектот на Министерство за култура во текот на протестите од Шарената револуција, објави на „Фејсбук“ адвокатското друштво „Давидовиќ и Јанковиќ“. На денешното судско рочиште, како што напишаа тие, се утврдило дека никој нема право без одобрение на Заводот за заштита на […]

Русија со критики кон САД за свикување на Советот за безбедност за протестите во Иран

јануари 6, 2018

Русија остро ги критикуваше Соединетите Американски Држави поради свикувањето на Советот за безбедност на Обединетите нации за протестите во Иран, во кои настрадаа најмалку 21 лице. Рускиот амбасадор при ОН, Василиј Небензја изјави дека мешањето на САД во внатрешните работи на Советот на безбедност на Обединетите нации ќе му нанесе штета на највисокото тело на […]

Рашковски: Претходната Влада потрошила 800 илјади евра за вработени кои седеле дома

август 28, 2017

Вкупно 166 државни службеници кои не доаѓале на работа во 2016 година го оштетиле буџетот за преку 800.000 евра, објави Генералниот секретар на владата на својот „Фејсбук“ профил. „Како се трошеле нашите пари. Веќе е покрената дисциплинска постапка и зависно од исходот ќе следува и соодветна судска постапка. Нанесена штета од преку 800.000 евра. Додека […]

Градоначалникот на Прилеп осуден поради несовесно работење

август 19, 2017

Основен суд Прилеп го осуди градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески на парична казна од 36.900 денари, заради сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Истовремено, прилепскиот градоначалник е задолжен, на име надомест на штета на Општина Прилеп да и исплати 238.750 денари. На Ристески му е изречена и алтернативна мерка, односно условна осуда казна […]

Исламски бунтовник одговорен за штета од 2,7 милиони евра

август 17, 2017

Судиите на Меѓународниот кривичен суд донеле пресуда со која поранешен исламски бунтовник, кој бил во затвор за уривање на светите места во во Тимбукту, е прогласен за виновен за штета во висина од 2,7 милиони евра. Ахмад ал Факи ал Махди минатата година беше осуден на девет години затвор откако ја призна вината за учество […]

Русија предупредува дека новите санкции од САД ќе бидат штетни за двете земји

јули 24, 2017

Кремљ денеска ги предупреди Соединетите Американски Држави дека новите санкции против Русија ќе ги загрозат интересите на двете држави. – Ние сметаме дека продолжувањето со реториката на санкции е контрапордуктивно и штетно за интересите на двете земји – вели портпаролот на руската влада, Димитриј Песков. Блиската соработничка на рускиот претседател Владимир Путин, Валентина Матвијенко, претходно […]

Милошоски: Има повеќе од 850 пријавени штети во општините погодени од земјотресите

јули 24, 2017

Би сакал, во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија, да искажам едно разочарување, не толку од пратениците од ДУИ или од Алијансата на Албанците, колку од пратениците од Охрид, Томислав Тунтев и Жаклина Лазаревска, што не прифатија еден интервентен амандман од 2 милиони евра, кој би можел да биде на […]

Нередите за време на самитот Г20 ќе ја чинат Германија 12 милиони евра

јули 18, 2017

Нередите за време на Самитот на групата 20 индустриски најразвиени земји во Хамбург би можеле да ги чинат осигурителните куќи до 12 милиони евра. Додека лидерите на најсилните светски економии се состануваа на 7 и 8 јули, на улиците на Хамбург организирани беа атниглобализациски протести, а за време на ноќта имаше големи нереди и судири […]

Анѓушев уште еднаш ги повика ЕЛЕМ да го сопрат објавувањето јавни повици

јуни 19, 2017

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, уште еднаш го повика раководството на АД ЕЛЕМ, веднаш да го запре објавувањето на јавните повици со проценета вредност од 80 милиони евра, за да се избегне штета на државниот и на буџетот на компанијата. „Наспроти укажувањето од Владата, раководството на ЕЛЕМ, најпрвин во петокот, на 15 јуни, објави јавен повик […]

Костадиновски: Родот на праските пропаѓа, земјоделците имаат проблеми со откупот

јуни 14, 2017

„Земјоделците се соочуваат со проблем поврзан со откупот на земјоделските производи. Во моментов алармантна е ситуацијата со производителите на праски“, изјави на прес-конференција Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека голем дел од родот пропаѓа, а земјоделците претрпуваат штета. – Информациите што ги имаме велат дека се засегнати сите производители на праски кои имаат проблем и […]

МНР го повика албанскиот амбасадор: Изјавите на Рама и на Бушати се сериозна провокација

април 4, 2017

Амбасадорот на Албанија во Македонија, Фатос Река вчера бил повикан на разговор во Министерството за надворешни работи на земјава, по повод зачестените навредливи изјави и коментари на официјални лица на Република Албанија, насочени кон Република Македонија, соопшти денеска МНР. „На средбата беше потенцирано дека изјавите на претседателот на владата (Еди Рама н.з.) и Министерот за […]

Запалено возило во Охрид, полицијата трага по сторителот

март 31, 2017

Охридската полиција трага по сторител кој ноќеска, околу 1 часот, запалил автомобил, марка „голф“, на улицата Климентов универзитет во градот, соопштија од Секторот за внатреши работи Охрид. „Од увидот на местото на настанот, извршен по овластување на јавен обвинител, констатирано е дека од предизвиканиот оган, запален е задниот дел на возилото, целосно е оштетено задното […]

Кампања на ХЕРА за заштита од секаква дискриминација

февруари 22, 2017

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА) заедно со Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“, а со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, од денеска ја почнува кампањата за заштита од дискриминација врз сите основи, вклучувајќи ја и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Пораката на кампањата е „Ако е вообичаено, не […]

Изгасени сите пожари во Израел, повредени 180 лица

ноември 27, 2016

Изгасени се сите пожари кои од вторникот гореа во Израел и за време на викендот се проширија на Западното Крајбрежје, принудувајќи десетина илјади луѓе да се евакуираат. – Нема повеќе активни места. Од минатата ноќ е прилично мирно, немаме веќе повици – изјави портпаролот на израелската служба за спасување, Јорам Леви. Пожарите кои брзо се […]

Мисајловски вети дополнителни 6 милиони евра за санација на штетите од поплавите

октомври 15, 2016

Нови шест милиони евра се одвоени за санирање на состојбата во местата зафатени од поплавите на 6 август во Скопско. Од нив, три милиони се одвоени од буџетот на Република Македонија, 2,5 милиони од буџетот на Град Скопје, а 500.000 евра издвоила Општина Гази Баба. Ова денеска го соопшти министерот за транспорт и врски, Владо […]

Охрид и Струга oстанаа без вода поради неплатени сметки за струја

октомври 6, 2016

Охрид и Струга синоќа останаа без вода зашто водоснабдувачкото претпријатие „Проаква“ не си ги платило сметите за електрична енергија. ЕВН го исклучи електричното напојување на главните пумпи од кои граѓаните се снабдуваат со вода. Граѓаните бргу реагираа, нагласувајќи дека тие не се виновни за овој проблем и дека редовно и навреме ги намируваат сметките кон претпријатието „Проаква“ […]

Страна 1 од 3