среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: штета | 50 резултати

Нов земјотрес во Централна Италија

август 26, 2016

Нов земјотрес со магнитуда од 4,8 степени според Рихтеровата скала утринава го погоди централниот дел на Италија, предизвикувајќи нови штети во тоа подрачје. Американската геолошка станица соопшти дека земјотресот се случил утринава во 6.28 часот, а по него, во следниот час, се регистрирани уште девет потреси. Во текот на ноќта се забележани повеќе од десет […]

Во септември странците ќе завршат со процената за штетата од поплавите

август 23, 2016

Процената што треба да ја направи тимот на Европска Унија, Обединети нации и на Светска банка за штетите од катастрофалните поплави што се случија на почетокот на месецов, ќе биде завршена на крајот на септември, се вели во заедничката изјава на ЕУ, ООН и на Светска банка. Стратегијата за обнова треба да ги идентификува приоритетите и да даде […]

Повеќе од 350 пријави за штета поднесени во осигурителните компании

август 11, 2016

Повеќе од 350 пријави за штети во висина од 300 илјади евра досега прситигнале во осигурителните компании.  Како што соопштуваат од компаниите, 320 пријави се однесуваат на оштетен имот, а 30 за автомобили и други моторни возила. Според досега пристигнатите пријави, повеќето се поднесени од граѓани, а 70 пријави се поднесени од компаниите. Околу 420 фирми […]

СДСМ директно ја оштети Македонија за 25 милиони евра, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

јули 20, 2016

„СДСМ изврши акт на финансиски тероризам со кој ѝ нанесе директна штета на Република Македонија. Со манипулациите и со притисоците до светските финансиски институции за да создаде вештачка паника, СДСМ директно ја оштети Македонија за 25 милиони евра“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на комисијата за финансии на СДСМ, Кире Наумов. „Разликата во каматата од првото […]

Министерство за финансии: Процесот на издавање на еврообврзницата е кристално чист

јули 14, 2016

Издавањето на еврообврзницата е кристално чисто од законски аспект, велат од Министерството за финансии, по одложувањето на постапката и додаваат дека македонската опозиција повторно се обидела да ѝ нанесе штета на државата, со оспорување на процесот. „Македонската опозиција во својот познат стил на деструкција, се обиде повторно да нанесе штета на Република Македонија преку обид […]

СДСМ: Со одложувањето се потврдува незаконитоста на еврообврзницата

јули 14, 2016

Денеска агентите го одложија издавањето на еврообврзницата во вредност до 650 милиони евра, но истата не е целосно откажана, се вели во соопштението на СДСМ по информацијата за одложувањето на издавањето на еврообврзницата. Во него се додава дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предупредуваше дека доколку се случи издавањето на еврообврзницата на овој начин, истото ќе […]

Повеќе од 120 жртви во поплавите во Кина

јули 5, 2016

Најмалку 128 луѓе загинаа во поплави во Кина во изминативе пет дена, а 42 лица се водат како исчезнати. Поројните дождови загрозија 11 кинески провинции. Околу 41.000 домови биле разурнати, а 1,34 милиони луѓе се евакуирани. Според досегашните проценки, причинета е материјална штета од 5,73 милијарди долари.

Николовски: Сточарите се оставени без помош, се крие вистината за јазлеста кожа

јули 3, 2016

„Болеста јазлеста кожа сè уште коси, се шири и предизвикува огромни штети на сточарите, месната и на млечната индустрија. Сè уште на ниту еден сточар не му се исплатени пари за одземените и убиени животни“, изјави членот на извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски. Според него, вистината за оваа болест се крие од Светската организација за […]

Големиот шумски пожар што го зафати Кипар е ставен под контрола

јуни 22, 2016

Кипарските власти изразија надеж дека пожарникарите наскоро би можеле да го изгаснат еден од најголемите шумски пожари во земјата. Портпаролот на кипарското министерство за шумарство, Андреас Кристу, изјави дека стивнал ветерот кој ги отежнувал напорите на пожарникарите да го стават пожарот под контрола. Тоа би можело да им помогне на кипарските пожарникари и на 20-те […]

Жестока расправа за „Шарената револуција“ во битолскиот општински совет

јуни 7, 2016

„Шарената револуција“ денеска неформално се најде на дневен ред на седницата на Советот на Општина Битола. Советниците од власта ја обвинија опозицијата за поддршка на „Шарената револуција“, констатирајќи дека активностите на демонстрантите се нецивилизирани. – Ова со боењето го нема во ниту едно цивилизирано општество. Се правите дека се грижите за градот, а дозволувате шарање на […]

Нова тужба до грчката влада поради ситуацијата на Идомени

мај 21, 2016

Претседателот на стопанската комора на Кукуш, Павлос Тоникидис поднесе тужба до локалниот суд адресирана до сите одговорни за ситуацијата на Идомени поради двомесечната блокада на железничката пруга. Тоникидис во тужбата потенцира дека блокадата и нефункционирањето на железничката линија им создава огромна финансиска штета на извозниците, но и општо на сите трговци и бизнисмени од Кукуш. […]

Судењето на Савески и Куновски одложено, адвокатите сè уште не го добиле вештачењето

мај 19, 2016

Судењето на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се товарат дека учествувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, на протестот од 13 април, е повторно одложено, бидејќи адвокатите на обвинетите не го добиле вештачењето за висината на штетата, кое е одамна изготвено. Недоставеното вештачење, како што пренесува „Академик.мк“, е […]

Условна казна за демонстрант поради демолирањето на канцеларијата на Иванов

мај 18, 2016

Кривичниот суд денеска на студентот Борјан Ефтимов, кој е еден од демонстрантите обвинети за демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, му изрече условна казна од три месеци доколку во рок од една година не стори друго кривично дело. Пресудата, како што пренесува „Академик.мк“, е донесена откако Ефтимов ја признал вината за кривичното дело […]

Вкупната штета од демолирањето на канцеларијата на Иванов е 8.500 евра

мај 12, 2016

Околу 8.500 евра е вкупната штета од демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија на протестите на 13 април. Оваа сума е утврдена со вештиот наод и мислење што ги изработи Бирото за судски вештачења, а изнесува 522.000 денари или 8.487 евра. Застапникот на Државното правобранителство на денешното рочиште на Филип Наковски и на Никола Аризанов, […]

Две лица загинаа во торнадо во Оклахома, САД

мај 10, 2016

Две лица загинаа во силните торнада што ги зафатија регионите од јужниот дел на американската сојузна држава Оклахома, пренесуваат американските медиуми. Торнада биле регистрирани и во државите Ајова и Небраска, но засега нема податоци за тоа колку лица се повредени и колкава е материјалната штета.

Биро за судски вештачења ќе ја утврдува штетата од демолирањето на канцеларијата на Иванов

мај 6, 2016

Колкав е износот на штетата што ја направиле демонстрантите при демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во Скопје на протестите против аболицијата од 13 април, ќе утврдува Биро за судски вештачења. Ова, како што пренесува „Телма“, било одлучено на денешното рочиште од судскиот процес против демонстрантите Никола Аризанов и Филип Наковски, чиј почеток […]

Одложено судењето на двајца демонстранти за кршењето на канцеларијата на Иванов

мај 4, 2016

Судењето на Никола Аризанов и на Филип Наковски, кои се товарат дека учестувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот, Ѓорге Иванов, денеска повторно е одложено на барање на Основното јавно обвинителство. Причината за одложувањето на рочишето, како што пренесува „Телма“, е недоволното време за да се изврши проценка кој демонстрант колкава штета предзивикал при […]

Силен земјотрес го погоди Еквадор, загинаа 77 лица

април 17, 2016

Најмалку 77 лица загинаа, а 588 се повредени во силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, што го погоди Еквадор. Според податоците на американскиот геолошки завод, епицентарот на земјотресот, кој е најсилен од 1979 година, се наоѓал 27 километри источно од Мусинеа, место кое е популарно меѓу туристите. Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа, […]

Македонските превозници сè уште не пријавиле штета од блокадата на границата

септември 29, 2015

Македонските превозници сè уште не пријавиле штета поради блокадата на српско-хрватската граница и неколкудневниот застој, изјави денеска министерот за економија, Беким Незири. За пишувањата во медиумите дека Хрватска е подготвена херметички да ја затвори границата со Србија, Незири истакна дека како министерство ги следат сите чекори и подготвени се да одговорат на секое сценарио. – […]

Извршиле седум кражби и предзвикале штета поголема од 76.000 евра

септември 29, 2015

Двајца велешани се осомничени дека од февруари до август оваа година, извршиле вкупно седум кражби, во кои однеле плен чија вредност била проценета на околу 4,7 милиони денари, односно околу 76.000 евра. Како што информираат од МВР, Секторот за внатрешни работи Велес поднел кривични пријави против Е.В. (35) и Р.А. (43), кои се товарат дека […]

Страна 2 од 3