fbpx

Костадиновски: Родот на праските пропаѓа, земјоделците имаат проблеми со откупот

-

„Земјоделците се соочуваат со проблем поврзан со откупот на земјоделските производи. Во моментов алармантна е ситуацијата со производителите на праски“, изјави на прес-конференција Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека голем дел од родот пропаѓа, а земјоделците претрпуваат штета.

– Информациите што ги имаме велат дека се засегнати сите производители на праски кои имаат проблем и со откупот и со цената на праските. Минатата година родот се откупуваше без проблеми, а цената на праските изнесуваше 35 денари за еден килограм. Цената достигнуваше до 50 денари за еден килограм за прва класа праски. Годинава постои реален проблем со откупот, а цената се движи околу 20 денари“, изјави Костадиновски.

Тој апелираше владејачката партија да не ги игнорира реалните проблеми на земјоделците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...