fbpx

Запалените возила во Штип се со ист потпис – молотов коктел

-

Запалениот „мерцедес“ од изутрината во Штип, е шестото возило што гори во изминатите пет дена. Иако истражните органи не кажуваат ни збор за тоа како настанал пожарот, фактите од терен укажуваат на едно – дека пожарот е предизвикан од молотов коктел. Сосема идентитчно, како на возилото на поранeшниот прв човек на СДСМ Никола Тушев, и претходно „БМВ“ на бизнисмен и ова од изутрината, се крши заден прозорец, по што се уфрлува молотов коктел со запаллива течност. Во „мерцедесот“ што изутрината беше запален, исто така е најден остаток од молотов коктел, ни потврди сопственикот Емир Чавиров.

– Скршени беа десниот заден прозорец и задната шофершајбна, а пронајдени се и остатоци од молотов коктел- изјави Чавиров.

Палењето на возилото, се чини било интервенција која се брои во секунди. Сопственикот ја оставил колата на паркинг нешто по пет часот изутрината, кога по десетина мунити се слушнала експлозија. Веднаш биле повикани пожарникарите, по што неполн час подоцна огнот бил изгаснат.  

Само брзата интервенција спречила поголема катастрофа и да бидат зафатени околните возила. Едно од возилата што било паркирано до запаленениот „мерцедес“ поминало со помала штета. „Мерцедесот“ е делумно изгорен во задниот дел, од каде почнало да гори.

– Изутрината во 05.40 часот  во СВР  Штип, било пријавено дека околу 05.20 на паркинг на  улица Сремски Фронт во Штип било опожарено патничко моторно возило „мерцедес“, со беровски регистарски ознаки, сопственост на Е.Џ.(32). Од огнот делумно било зафатено и патничко моторно возило „голф“. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопштија од СВР Штип.

Пред пет дена изгореа пет возила, од кои две на семејството Тушеви. Пожарникарите од почетокот на годината интервенирале на 20 опожарени возила. Од штипската полиција објаснуваат дека не сите возила се запалени.

– На подрачјето на Полициската станица Штип кај шест случаи на опожарување на возила е утврдено дека станува збор за предизвикување на општа опасност со опожарување на возила, а кај останатите пријавени случаи се работи на утврдување на причините за опожарувањето. Од пријавените шест кривични дела едно е расветлено и поднесена е кривична пријава до надлежното ОЈО. За останатите случаи истрагата е во тек – стои во соопштението на СВР Штип.

Засега е неизвесно кој стои зад овие случаи, иако се слушаат различни шекулации од извесна велешка пироманска група, која пали за пари, до споменување на име на штипски бизнимен со криминално минато, кој координира со ваква група, исто така за пари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...